Протест: со кашлање против загадувањето во Битола

02.07.2013 12:28
Протест: со кашлање против загадувањето во Битола

Откако Министерството за животна средина објави податоци според кои Битола е најзагадената општина во Македонија, мала група млади битолчани со гас маски протестираа пред општинската зграда.

Битолската мерна станица на Министерсвото за животна средина покажала 20 пати поголема концентрација на ситна прашина или 1000 микорграми на еден метар кубен, наспроти дозволената гранична вредност од 50 микрограми. Тоа значи дека индексот на загадување во Битола е на највисоко ниво во државата.

Еден од дванаесеттемина млади битолски демонстранти беше облечен во костум на бизнисмен, со што беше испратена порака и до оние кои заработуваат загадувајќи ја околината, дека со парите не можат да си купат и чист воздух.

Според македонските закони, пречекорувањето на концентрацијата на ситната прашина е дозволено најмногу 35 денови во текот на годината, а во Битола веќе има пречекорување од 43 денови. И покрај тоа, сè уште нема никаква реакција од одговорните институции или еколошките друштва.

ОкоБоли главаВицФото