Го сакам ГТЦ v. 4: ГТЦ форум

03.07.2013 10:54
Го сакам ГТЦ v. 4: ГТЦ форум

Серијата настани „Го сакам ГТЦ“, реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро, продолжува.

Настаните во јули се префрлаат од петочните во четврточните вечери. Резервирајте ги за ГТЦ и градот!

Четвртиот настан ќе се случи на 4.07.2013, четврток, во паркот „Жена борец“ со почеток од 20:00 и повторно ќе биде во обликот на јавна трибина- форум.

70% од објектот на ГТЦ е јавен простор. Тој, архитектонски, претставува „реплика“ на агора/форум, која ги канализира и физички ги опслужува општествените потреби на граѓаните на Скопје во последните четири децении.

Во таа смисла, ГТЦ ФОРУМ претставува надоврзување на основната функција на овој објект како јавен простор.

Како и претходниот пат, освен најавените учесници, во дискусијата слободно ќе можат да се вклучат и сите граѓани кои сметаат дека за овој проблем треба да се разговара јавно.

На овој настан ќе продолжат стандардните активности:

•собирање потписи за петицијата за зачувување на ГТЦ во неговата автентична физичка состојба;
•пишување мислења за самиот ГТЦ;
•пишување пораки до архитектите на новата фасада и до управата на ГТЦ;
а ќе има и новости.

Ве очекуваме.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото