Момент на вистината – вистина на Моментот

30.10.2009 14:40
img-set.jpg

Ајде малку да си играме. Да се замислиме себе си како седиме на жешкото столче во квизот Момент на вистината.

Знам дека е тешко, но сепак да се обидеме.

Добро. А сега да замислиме како водителката ни го поставува следново прашање: - Дали е вистина дека немате никаква желба да го гледате квизот Момент на вистината? Ајде сега да се обложиме кој е вистинскиот одговор на ова прашање!

Не ни се неопходни медиумските теоретичари да ни укажат на воајерската позиција на гледачот во постмодерната ера на телевизијата. Доволно е да сме искрени, како и натпреварувачите во квизот. Искреноста, како што гледаме, секогаш се исплаќа. Па нели денес е на цена се она што резултира со исплата? Занемарувајќи го последново, критиката на споменатото шоу и нему сличните медиумски продукти, останува во рамките на системот кој ја генерира популарноста на третираните концепти, и како таква е мошне лесно соборлива.

На пример, ако постои консензус околу декадентноста на телевизскиот производ за којшто зборуваме, откаде толкава гледаност, тогаш? Или секогаш некој Друг го гледа? И ако постојат голем број на културни продукти кои комуницираат со публиката по истите матрици (а постојат), и ако сите тие покрај со ноторност се одликуваат и со голем аудиториум (а очигледно се одликуваат), тогаш во колку од постоечките примери токму ние сме Другиот? И ако успееме да си го признаеме тоа, колку е издржана нашата критика тогаш?

Да поедноставиме. Ниту мене не ми се допаѓа квизот. Спремен сум дури и да се придружам на евентуалните протестите против него, сé додека не се поклопуваат со терминот во кој се емитува Survivor.

Морална проституција! – викнаа многумина. Да бидеме политички коректни и да се послужиме со јазикот на системот - Морално претприемништво. Имено, никаде не сретнавме критика на Милионер, на пример?! Па зарем овој квиз не функционира по истиот принцип како и Момент на вистината? И Милионер нуди исплата, само во размена за знаењето наместо за искреноста. Ако го прифативме концептот дека врвна цел на знаењето е материјалната добивка, зошто не би го прифатиле истиот концепт кога станува збор и за искреноста?

Момент на вистината е, пред сé, производ на вистината на Моментот во кој живееме, на Духот на нашето време. Токму затоа, критиката на ова шоу и на медиумските или попкултурните концепти кои ги следат истите општествени обрасци, мора да тргне од критика на доминантниот глобален систем. Се додека не расчистиме со тоа, секоја наша критика ќе биде само инцидентно ламентирање над поединечни феномени, чие значење системот мошне лесно ќе го трансцедира во најчесто употребуваното клише - бесплатен публицитет.


Првпат го псоетувам окно, и

Првпат го псоетувам окно, и пријатно сум изненаден.
Текстот е од-ли-чен.

Браво за авторот. Прецизно,

Браво за авторот. Прецизно, точно, јасно. 

Вистина?

Гледаноста на производи како Момент на вистината не е изненадување. Нити зборува за оправданоста на „новата генерација“ ТВ производи.
 
1. Полиграфското тестирање не одредува дали тестираниот ја зборува вистината. Укажува само колкава возбуда/страв/срам предизвикува прашањето.
2. Темелната претпоставка на МнВ е дека парите ќе ги добие оној кој е доволно храбар и доволно искрен.
3. Единствено продуцентот на МнВ го задржува правото да одредува што е вистина во овој случај. Продуцентот е арбитар на искреноста.
 
Е сега замислете во Милионер да добиете прашање, да го одговорите точно и Трендо да ви каже--извини брат, ама не е точно, нашите стручни лица сметаат дека овој одговор не е вистинит иако можеби така ти се чини, иако можеби така пишува во некоја енциклопедија, иако можеби сите гледачи мислат дека е точен одговор... Не е. А ние што го работиме квизот сме единствените кои знаат зошто не е точен и ние сме единствени кои одредуваме што е точен одговор.
 
Секоја „игра на среќа и/или знаење“ (во кои спаѓаат и Милионер и МнВ) претпоставува дека постои можност да се добие ветената награда. Човекот чии пари треба да ги заработите не може воедно да одлучува дали сте ги заслужиле парите. Ако тој одлучува, тогаш не сте ги заслужиле.

Момент на вистината – вистина на Моментот

Како прво апла се гледа дека големи пари никој нема да добие. Сакаат да покачат гледаност со без малце ништо вложено.
Иако,искрено кој си игра со оган и ќе си се изгори. Изгледа луѓево заборавија како Анета Кочишки си правеше мајтап со циганите транвестити. Мислам дека тоа беше најрепризираната емисија во Мк. Онака у фаца ги гледа и им се смее, од кои едниот беше со IQ на 10 годишно дете,оваа му се смееше у фаца....жената кариера направи од сеирчење со човечка глупост и трагедии...

Izborot koj kakva TV emisija

Izborot koj kakva TV emisija ke snima i gleda e sloboden. Pa makar i moment na vistinata, a pricinite za coveckiot egzibicionizam se tokmu negovata sloboda od renesansata pa se do denes...

@

Odlicno.

По се изгледа медиумите

По се изгледа медиумите немаат за цел да им понудат на гледачите квалитетна ТВ емисија од која ќе се извлече поука или некоја општествена придобивка. Ваквите „невкусни“ шоу-а, па и оние „реалните“, работат на ниска фреквенција која предизвикува само возбуда, потсмев, сеирџиство кај гледачот, кој не очекува ништо освек шок сцени во кои тоа ДА за вистината е екстатично чудење. Учесниците во шоуто самите си ја валкаат сопствената репутација за грст пари, небаре ете ќе добијат по некој денар, па сега и долната облека да си ја „истресат“ пред јавноста. Парите го убија Духот на граѓаните, ги затапија нивните сетила, ги престорија во кимбали кои звечат, среброљупци и површни суштества кои веруваат само во еден бог - Мамон (парите).
Срамота за медиумската агресија врз граѓаните, срамота што се дозволува едно вакво недолично шоу да се „врти“ со рекламни инсерти секој ден на А1!   Некои немаат чувство за срам, жалосно!

ОкоБоли главаВицФото