Фан арт портретите на Тхе Мичо

05.07.2013 11:28
Фан арт портретите на Тхе Мичо

Уметникот, илустраторот и цртачот на стрипови Тхе Мичо, нацрта преку 300 портети на сите ликови од фантастичниот серијал „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р.Р. Мартин, врз чија основа е направена популарната серија „Игра на престолот“.

Речиси е неверојатно дека се прикажани сите ликови кои се опишани во романите: од главните ликови од куќата на Ланистер, Тирел, Баратеон, преку портетите на змејовите до принцезата Денерис. Оваа колекција портрети ќе биде интересна и за гледачите на оваа серија на НВО, бидејќи претставува досега неприкажани ликови.

Во прилог можете да погледнете дел од портретите, кои се создадени врз основа на описите од романите, а целата галерија на Тхе Мичо е достапна на неговата страница на Фејсбук.






Извор: www.facebook.com/Тхе-Мичо