Градот шугав

05.07.13 11:30

Да се сака својот град, значи и да се критикува. Иако има вистина во тоа, сепак не се согласуваме до крај со оние што викаат дека Скопје е супер и такво какво што ќе си го направиш. Поголемата слика дефинитивно покажува дека има работи кои се поголеми од нас, нашиот отпор и она што го создаваме. Физички и политички. Свесни сме за промените и проблемите, но го сакаме и пееме за Скопје и покрај нив!


Критика не е навреда абдали! (абдал е навреда!) - Роберто Беличанец


„Градот шугав" се наоѓа на саундтракот на омнибусот филмови посветен на Скопје - SKOPJE REMIXED. Оваа изведба на песната е од концертот на Распеани Скопјани на вториот Фестивал на самоорганизирани хорови Vsi v en glas! во Љубљана, Словенија.

ОкоБоли главаВицФото