Хорхе во Индија

05.07.2013 13:35
Хорхе во Индија

Да имаше малку дух во оваа нација, ќе се најдеше некој (бунарџиклија или јурумлерец) да ја гаѓа со тешки камења од катапулт пистата на „Александар Македонски“ за да го спречи враќањето на тутурутката од Загреб. Некој гулабар ќе пуштеше јато птици самоубијци да ги тапацираат со сопствените пердуви (најдобра звучна изолација) турбините на претседателскиот авион на седум-осум илјади метри над подземното ниво на Македонија!

Веројатно беа можни и други перформанси. Вечерта пред да слета најзаебаваниот претседател во политичката историја на светот, можевме да ја симнеме фирмата „Александар Македонски“ од хангарот на скопскиот аеродром и на истото место да ја истакнеме фирмата „Џавахарлал Нехру“. А подолу, над влезната врата во пасошката контрола и внатре над шалтерите со турбаносаните црномурести момчиња од екипата на вишиот офицер на индиската полиција, Амди Бајрам, со жолти букви на црна подлога: „Велкам Ту Индија“! И некој (Мијалков) што ја снима Неговата Екселенција како возбудено му се обраќа на офицерот:

-Аа..а.а..ббббе.. Амди, биваше ли да се ставиш во индиска служба, бббе, Македоонија ти дддаддде сè, а ти вака ѝ враќќќќаш на својјјјаттта ттттатттковвввинннна....!

Не без врска со ова по Скопјанг се прошири вицот дека Јосиповиќ му рекол на Хорхета дека Хрватска ќе се бори и Македонија да влезе во ЕУ.

- Убаво од ваша страна, драг мој, Иво - рекол идиотот од Македонија - но, јас сакам да ве предупредам дека и Германија и Франција, дури и Америка, не успеаја да ја скршат цврстата волја на македонскиот народ и на неговото премудро раководство!

Спектакуларните манифестации што го обележаа влегувањето на Хрватска во Европската унија, меѓу другото и, пред сè за нас, ја осветлија македонската дупка и непоимливото злосторство што во последните седум години го направија ескадроните на општата смрт во служба на Горското началство на вемерето. Полпотизациското ампутирање на Македонија од телото на Европа е недело кое не може да се анулира со пердувското тапацирање на Неговиот авион, дури не и со самоиницијативно влегување на Неговата Екселенција во десната турбина на авионот додека машината прелетува над Таорисиумот, ниту со многузначното премолчување на Македонија во мисловните операции на Европа, туку со утврдување на посебен трибунал кој ќе се занимава со мирновременските злосторства на екипата на Надвојводата Шарло.

Струјата поевтини, Славкота го лустрираа, абортусот го забранија, пустошот во Македонија го прогласија за база на браон филд инвестициите, стоката ќе си прави шпански скали на кои во Ацтешки ритуали Македонците ќе бидат масовно силувани и жртвувани.

Холокауст без логори и гас!

На Србите им требаа дванаесет години постбомбардерско средување за да сфатат дека се движат во сосема погрешна насока. Македонија е во самоубиствена хистерија од која може да излезе само ако некој ја бомбардира. Со фотони на разумот, да речеме, со енергична акција на преостанатата нормалност, со скалпелски интервенции врз нејзиното тело, со инсектициден третман на вмровската шуга што ги брчка нејзините листови и дрвцето го прави неплодно, со запалени автомобилски гуми под Триумфекалната капија, со една мала тритионска цистерна „Ликви моли“ во фонтаната под Александар, со политичко-финансиски и идеен, зошто да не, трансфер на елитните армиски и полициски единици на страната на разумот!

Откако ги искористи потенцијалите на грин филд инвестициите, владата на смотаната држава премина на експлоатација на браон филд инвестицискиот формат. Јас, лично, а и целото мое друштво од кафето „Корзо“ најмногу очекуваме од Дип парпл и од Пинк флојд инвестициите! Еден пријател ми рече дека тој лично најмногу очекува од Симпли ред, а еден друг сметаше дека Грин деј е најдобра солуција за големата невработеност во Македонија.

Не ми се допаѓа одбраната на Славко Јаневски. Еснафската меланхолија и патетичната солидарност, возбудливите ретроспекции и културата на сеќавањата, целиот тој емотивен свет ја промашува суштината на проблемот толку многу што на моменти помислувам дека светот на културата и уметноста воопшто нема свест за вистинските димензии на македонската драма и дека по таа линија не е ниту за милиметар над ниското ниво на општествениот просек.

Инсистирањето на Славко како основоположник на современата македонска книжевност и како човек кој не е во состојба да ја приложи сопствената одбрана, е спуштање на нивото на расправа на кое најдобро успева идејната основа на таканаречената лустрација. Сите одбиваат да кажат или не се свесни, дека ние имаме работа со Злосторничко здружение инсталирано да ја пумпа Македонија со силикони, ботокси и бронзекси, да и го менува полот, дека во таа операција Чипираната банда го изнесува Јаневски и целиот Иконостас од Македонската катедрала на духот за да направи од просторот катна гаража или друг објект ослободен од секаква култура или духовност, односно идентитет. И дека елитата не може, ниту има смисла да го брани Јаневски ако тие работи јасно и категорично не ги декларира и ако не се стави на чело, ако не го осмисли сенародниот отпор и новата борба за слобода заедно со идејата да ги откупи своите греови и одговорности во убиството на една симпатична државна и општествена, културна заедница!

Со други заборови, оние што бараат поништување на одлуката за лустрација на Јаневски без да бараат поништување на системот што ја испродуцира сосе себеси како арско ѓубре на таа тиква, се поштетни и од лустраторите и од системот!

Стоката што ја исмеваше смртта на Роберто, ќе настрада од вселенски дожд од запечени гомна! Нема никаква потреба утре да формираме комисија која ќе ги истражува причините за смртта на Нодвојводата Шарло или на Тутурутката од Водно. Само што ми јавија дека смрдливи предмети со големина на индиски полициски стапови од боабаб патуваат со брзина на светлината кон Бившата држава на Македонците. Се повикува населението да ја задржи присебноста ако се случи некој ракетен исерок да не падне на целта, во кругот на Скопје 2014!

Извор: Глобус
Слики: Абрил Андраде Грифит