Срцето го давам, курот не го давам!

10.07.2013 09:01
Срцето го давам, курот не го давам!

Со специјален авион на ДХЛ, минатата сабота во Истанбул беа испратени нашето срце Иваново, три цистерни екстрадевичански солзавец од бучински кромид и неколку ситилајт инсталации со светлиот лик на Лигавата Лиле како улични „патриот“ батерии за моментална и трајна елиминација на демонстрантите што ќе ги преживеат облаците од солзавец и масажите од гумени куршуми. На даропримачот Ердоган.

Ме трогна тој гест на претседателот што јас го обожавам значително над републичкиот просек од 59 отсто- ниво што категорично го утврди минатонеделната анкета на Институтот за куротресно инженерство и лудотворно менаџерство.

Во емотивното обраќање на препочитуваниот претседател јас ја открив проекцијата на Султанатот кој нè втемели во историјата гушејќи ги нашите ѓурултии од пред сто и кусур години, на Империјата што нè оставаше да се преправаме во црни ќумурџичиња и по планините да правиме фотосесии со најдобрите модели на четници, на државата што вложи огромни средства децата наши уште во претшколска возраст да стрелаат од црешови топчиња, добро, и да гинеме врз јатаци од женски род и мртви пијани од метилизираната ракија на недостижната слобода и на недостижноста како цел!

Во денешна Турција.

Можеби Хорхе е во право кога порачува дека на Ердоган треба да му го дадеме газот ако сакаме пред Брисел да ја демонстрираме решеноста на нацијата да го брани своето достоинство по секоја цена!

Тоа е жал за времето во кое вемерето брилјираше во својата антимакедонска македонска мисија, девастирајќи ги како бугарска инсталација сите ресурси на можното национално и државно конституирање на тоа што во митологијата потоа влезе како етничка територија на Македонија. Во историска смисла - едно големо ништо! Со малку поголема доза на експресивност, би можело да се каже дека претседателот на тоа што остана од Република Македонија ги поддржува империјалните исламистички претензии на Ердоган, со надеж дека само таквиот развој на настаните може да ги ослободи Македонците од нивната држава и да ги обедини под скутот на Босфорскиот шеф. Државата е проблем што екипата на Хорхета сака да го реши со свилениот гајтан на името околу вратот на татковината. Со мала помош, мисли ментално бруцелизираната стока, на „нашите пријатели од Босфорот“. И на митот кој во меѓувреме стигна да се реализира како политички концепт! Тоа не е проактивен однос, тоа е чиста агресија на темата за името и во односите со Грција и во односите со нормалноста. Со поразот како цел!

Децата од врвот на македонската политика го имаат тој план од градинката „Чекорче“. Тој план им е даден, тој им е зададен во чиповите што им се вградени и тие тоа го спроведуваат како што телефонските секратарки ви говорат: за Македонија - стиснете еден, против Македонија - стиснете два, против Македонија со сите сили - стиснете вмро!

Бај д веј, не сакам да се занимавам со прашањето дали во Анкара можевме да испратиме и нешто повеќе. Бројаници од мегалитски камења и јунфери на млади моми, да речеме! Камен од разурнатата џамија на Плаошник или од Бурманлијата во Скопјанг? Не, само сакам да прашам: до кога нашите срца ќе бидат единствените органи за размена, да не речам, монети за поткусурување? Кога ќе почнат да се даваат, да се дародаваат, да се испраќаат и некои други органи?

Да не ми значи толку многу, јас, да речеме, на Хорхета би му го пратил курот! Тоа е, исто така, орган на најдлабоките чувства на човекот, на љубовта, на почитувањето!

„Во тоа име, почитуван претседателе, примете го овој кур како израз на љубовта и најдлабокото уважување!“

Така би изгледала една нова честитка!

Мислам дека новата листа на органи преку кои може да се изразува приврзаноста, лојалноста, љубовта и спремноста да се загине за другиот, ќе ја динамизира општествената комуникација.

Италијанскиот научник Канаваро пресадува глави. Добро, поради проблеми со поврзувањето на ’рбетниот столб, телото останува парализирано од линијата на трансплантацијата, но најновите информации велат дека науката има решенија и за поврзување на кичмата.

Се разбира, ако не е свиткана, што во случајот со Иванов не е никаков проблем.

Се поставуваат две клучни прашања:

1. Има ли донатор на глава за господинот Иванов?!

2. Има ли даропримач на телото на господинот Иванов?!

Порталот „Е-новине“ се заебава на оваа тема, но јас мислам дека работата е крајно сериозна. Може да се случи телото на Иванов да го одбие главата на кој било жив створ. Еден добро кондициониран крт, да речеме, би можел да рече: море марш у пичку материну, а, исто така, може да се случи неговото тело да не може да поднесе некоја попаметна глава. Или поглупа, макар што тоа би било исклучително редок случај, сеедно!

Така што нашата истражувачка екипа дојде до заклучок дека, можеби, сепак е подобро на претседателот да му ги испраќате вашите срца, а и тој прави добро што се задржува на своето срце што го испраќа како наше.

Сакам, во оваа форензичка атмосфера, да кажам уште две работи: како што паѓа нивото на општествената хистерија што ја предизвикуваше вемерето, така на општа виделина излегуваат непоимливите ограничености, будалаштини и глупандеросаности на партискиот врв во кој македонските Маи гледаа Сонце. Сто илјади минути и двеста продолженија на разноразни интервјуа, немерливо време за фолирантските реформи дајте им на Сп Иро и на Гру Јо, на Тодо Роф - исти курац ви е. Тој процес ќе добива такви димензии што стоката ќе почне да се очовечува, да чувствува срам и да оди по ѓаволите. А ние ќе уживаме! Пичка ви лепа материна!!!

Извор: Глобус
Слики: Крег ЛаРотонда