Заменети глави

11.07.13 12:10

Уметникот Енди Вајбл изработува скулптури од човечки тела во природна големина чии што глави се заменети со предмети од секојдневјето. Овие предмети го одредуваат дејствувањето на телата во кое се „заробени“ (седење, јадење, пиење, плетење итн.)

Вајбл се обидува да ја отстрани бариерата на неразбирање помеѓу гледачот и уметничкото дело колку што е можно повеќе, користејќи познати предмети кои сами по себе го објаснуваат уметничкото дело.

Целта на уметникот е да комуницира со таков вид јазик што секој го разбира, заменувајќи ги главите на луѓето со предмети и создавајќи магичен круг, преку ставањето на луѓето во „ситуација на јајцето и кокошката“ од која нема бегање.

Извор: www.andyvible.com

ОкоБоли главаВицФото