1013 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 07:59
Е, драги луѓе, до каде е отидена оваа држава, премиерот да тужи друг политичар за искажано мислење, кое, инаку, со документ е потврдено!
Постои документ каде е потврдено дека Груевски во 2008 година го прифатил името Република Македонија (Скопје) и со тоа фактички прифатил промена на името.
Е, сега, видете колку е ментален нашиот премиер. Го тужи Тито Петковски за таквото, вистинито тврдење и бара отштета за нарушен углед и духовен немир во износ од 15.000 евра.
Проблемот не е само што Груевски тужи за вистината. Сите знаеме дека Груевски те тужи, Груевски ти суди. Вистинскиот проблем е што и во оваа непостојна правна држава, премиерот го користи судот за својата примитивна, квазипатриотска, националистичка и за лажна пропаганда во врска со името.
Цела оваа монтировка не е поради душевниот немир на Груевски, туку затоа што е толку луд за и еден фингиран судски процес да го користи како реклама за тоа колку е тој всушност патриот и дека немало да го смени името.
Човекот кој наводно работи 24/7 издвои цели два часа за да зборува на суд како тој никогаш не прифатил, ниту некогаш ќе прифател промена на името.
И не само тоа, туку и делел совети како ниту еден политичар или поединец не требало да прифати промена на името. Тоа му е тезата за референдумот со која се обидува да се испере.
Ме чуди само како не организирале и национален тв пренос од неговото обраќање пред судот.
Страшно, човекот кој седум години ни ги пере мозоците, особено на темата на името, отворено и дрско лаже, диктаторот кој има целосна медиумска контрола, се одлучи да го узурпира судот за својата пропаганда.
Е, Груевски, еден ден се надевам, за сите твои лаги, криминал, за идентитетското и економско уништување на државата, ќе бидеш повторно вака во суд, ама тогаш ќе ти суди правна држава и легитимна судска власт.
Слика: Свирачиња