Стотици илјади луѓе поради кризата емигрираат од Македонија на 10 дена

15.07.2013 14:12
Стотици илјади луѓе поради кризата емигрираат од Македонија на 10 дена

Скопје, 15 јули

Неколку стотици илјади граѓани на Македонија ова лето ќе побараат спас од кризата во летувалиштата ширум светот, каде ќе останат во просек по десет дена, покажуваат податоците од агенциите кои организираат патувања.

Овие граѓани се натерани привремено да емигрираат на ексклузивни летни дестинации, бидејќи кризата во Македонија стана неподнослива до толкава мера, што секој ден надвор од земјата, како што велат, е вистинска благосостојба.

Мирослав Летниковски од агенцијата „Сиктер турс“ која унесреќените од кризата ги води на кратки емигрантски тури по целиот свет, вели дека со зголемувањето на рецесијата сè повеќе ги има оние кои за време на летните и зимските месеци одлучуваат барем привремено да побегнат од проблемите.

Според него, граѓаните на Македонија, наспроти очекувањата, не се воздржуваат од патувања во Грција или Португалија, и покрај тоа што и тие земји се погодени од кризата.

„Кризата во Грција за нашите луѓе не е толку драматична како кризата во Македонија, па луѓето од Грција се враќаат освежени, ведри и одморени. Таму успеваат, барем на кратко, со коктели, вкусни сладоледи и оскудно облечени девојки на плажите да заборават што преживуваат во својата земја. Верувајте дека на никого не му е лесно да ја напушти родната грутка и да се препушти на суровите летувања во белиот свет, но ситуацијата е таква каква што е, на луѓето им е потребна барем трошка одмор и надеж“, вели Летниковски.

Извор: www.njuz.net