Со диви насади против демонизација на марихуаната

15.07.2013 15:07
Со диви насади против демонизација на марихуаната

Повеќе активисти во германскиот универзитетски град Готинген во текот на јуни низ целиот град посеале неколку килограми семе од марихуана, а резултатите од нивната сеидба веќе можат да се забележат.

Групата активисти кои себеси се нарекуваат „Неколку автономни деца на цвеќето“ на овој начин протестираат против „демонизација на канабисот“, затоа што сметаат дека е неправедно марихуаната да биде забранета, а тутунот и алкохолот да се наоѓаат во слободна продажба.

Администраторите на германската интернет страница GJ објавуваат фотографии од местата на кои расте марихуаната и ги охрабруваат читателите „да уживаат во длабоката рлаксација и волшебната убавина на оваа величествена билка“.

Интересно е тоа што германската полиција и работниците кои ги уредуваат парковите го користат истиот сајт како водич за отстранување на диво посадената марихуана.

„Ова е голема акција, вложен е голем труд од многу луѓе“, вели портпаролот на полицијата во Готинген и додава дека полицијата ќе го уништи „секое растение што личи на марихуана“.

Извор: Spiegel

ОкоБоли главаВицФото