Простори на моќта

02.11.2009 16:03
Простори на моќта

„Зоран Попоски потекнува од дел на Европа каде што идејата и политичката реалност на границите во изминатите децении се стекна со ново и честопати проблематично значење.

Со тоа, неговиот текст за границите носи печат на вистински интелектуален интерес кој се протега од чистото теориско па сè до политичкото. Тоа е добра појдовна точка за истражување кое им дава живот на теоретските дебати. Истражувањето нè потсетува дека сеприсутната реторика на ’глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите на современите геополитички конфигурации. Токму трансформацијата на овие концепти на границите лежи во средиштето на интересот на Попоски.“

Волфганг Суцл

Зоран Попоски (1974, Скопје) има магистрирано уметност во нови медиуми на Универзитетот ДУК во Австрија. Остварил и студиски престои во Берлин и на Школата за визуелни уметности во Њујорк.

Во својата професионална кариера како дигитален уметник, Попоски има остварено над 30 изложби во САД, Германија, Франција, Италија, Австрија, Словенија, Македонија, Косово, Бугарија, Турција, Полска и Порторико. Видеата, перформансите и дигиталните графики на Попоски ги истражуваат прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

Книгата Простори на моќта е во издание на Темплум, и може да се најде во книжарниците низ Скопје.

Слични содржини

Книга
Книга

ОкоБоли главаВицФото