Филмови со најлоши наслови

03.11.2009 11:32
a96786_creatures.jpg

1. The Incredibly Strange Creatures Who Stopped Living and Became Mixed-Up Zombies (Неверојатно чудните суштества кои престанаа да живеат и се претворија во мешани зомби, 1963)

Снимен со само 38 000 долари буџет, овој филм нема само најлош наслов на сите времиња туку претставува вистински тест за издржливоста на еден гледач. Најавуван како првиот хорор мјузикл, освои место меѓу најлошите 50 филмови кои некогаш биле снимени.

2. Jesse James Meets Frankenstein's Daughter (Џеси Џејмс ја среќава ќерката на Франкенштајн, 1966)

Е, ова е нешто! Овој нискобуџетен вестерн/хорор хибрид е фикционизирана верзија на вистинскиот вестерн одметник Џеси Џејмс кој ја среќава фиктивната правнука (насловот е згрешен) на познатиот доктор Франкенштајн. Џон Луптон, кој го глуми Џеси Џејмс, малку е престар за својата улога. Имено, тој имал 38 години кога го снимал филмот, додека вистинскиот Џеси Џејмс починал на 35 години.

3. Can Hieronymus Merkin Ever Forget Mercy Humppe and Find True Happiness? (Може ли Хиеронимус Меркин конечно да ја заборави Мерси Хампи и да ја најде вистинската среќа, 1969)

Мјузикл од 1969 година, режиран од Ентони Њули (кој ја има и главната улога), комедија која не е заборавена само поради смешно-долгиот наслов кој тера на размислување. Според читателите на Chicago Tribune, еден од најлошите филмски наслови на сите времиња.

4. Eegah (Иига, 1962)

Прво правило на рекламирањето – ономатопејата не е одговорот на секој проблем со авторските права. Хорор филм од 1962 г. во кој глуми Арч Хол, и кој исто така се наоѓа меѓу најлошите 50 филмови кои некогаш биле снимени.

5. Santa Claus Conquers the Martians (Дедо Мраз ги освојува Марсовците, 1964)

Научно фантастичен филм кој редовно се појавува на листите за најлоши филмови кои некогаш биле снимени. Џон Кол го глуми Дедо Мраз, а 8-годишната Пиа Задора глуми едно од марсовските деца. Заплетот? Па... излегува дека децата на Марс се депримирани и никој не знае зошто. Кога Марсовците одат кај својот Мудрец, тој им вели дека децата треба да уживаат во Божиќ и во Дедо Мраз. Се разбира.

6. The Ghost in the Invisible Bikini (Духот во невидливо бикини, 1966)

Овој филм беше седмиот (и последниот) од серијата филмови со забава на плажа на AIP студиото. Посебен е по тоа што целиот се одвива во и околу една опседната куќа, а плажа никаде не се појавува. Наместо тоа, една тинејџерска група се забавува и свири музика околу базен.

7. Manos, the Hands of Fate (Манос, рацете на судбината, 1966)

На шпански јазик, manos значи – раце. Снимен од независна продукција чии членови воопшто немале никакво искуство од филмови, со многу ограничен буџет на располагање. Филмот наишол на многу лош прием кај публиката, и остана релативно непознат сè додека не се појави на Mystery Science Theater, шоу засновано на исмевање на Б-филмовите. Исто така спаѓа меѓу 50-те најлоши филмови кои биле некогаш снимени.

8. Sssssss (Сссссс, 1973)

Прикажуван како Ssssnake во Британија, Сссссс е хорор филм во кој играат Дирк Бенедикт и Хетер Мензис. Филмот создаде мал култ околу себе и е почитуван од многу љубители на хорор жанрот како еден од подобрите филмови за човек-кој-станува-суштество.

9. Phffft (Фффт, 1954)

Навистина, Фффт? Црно-белата романтична комедија со Џуди Холидеј и Џек Лемон е, всушност, добар филм. Ужасниот наслов доаѓа од една многу читана колумна од 50-те. Кога некој славен брачен пар ќе се раздели, авторот на колумната тоа раскинување го опишувал со звукот „фффт“.

10. Rat Pfink a Boo Boo (1966)

Rat Pfink a Boo Boo е нискобуџетен филм, режиран од Реј Денис Стеклер, со Керолин Брендт во главна улога. Зошто е насловен Rat Pfink a Boo Boo наместо пологичниот Rat Pfink and Boo Boo? Според една легенда, уметникот кој го создавал плакатот направил грешка, ставајќи а наместо and. Буџетот на филмот бил толку мал што не можеле да си дозволат дополнителни 50 долари за исправка на грешката.


Go zaboravivte "Kiss Kiss,

Go zaboravivte "Kiss Kiss, Bang Bang".
http://www.imdb.com/title/tt0373469/

ОкоБоли главаВицФото