Бензинот поскапува за 100 денари, парите ќе одат во Министерство за животна средина

18.07.2013 11:32
Бензинот поскапува за 100 денари, парите ќе одат во Министерство за животна средина

Скопје, 18 јули 2013 година

По поскапувањето на пивото и најавеното поскапување на цигарите до крајот на месецот, владата соопшти дека ќе се зголеми и цената на бензините за 100 денари од литар, кои ќе се слеат во касата на Министерството за животна средина.

Потсетуваме, приходот од поскапените цигари и пиво ќе оди во Министерството за здравство, од каде најавија дека здравствениот систем веќе функционира подобро благодарение на средствата кои се слеале во изминатите неколку дена.

„Лично се направив камен пијан и отидов на токсикологија, за да го проверам третманот кој е евидентно подобар отколку пред оваа значајна реформа“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Од еколошкото друштво „Зелен арач“ го поздравија поскапувањето на бензинот и велат дека очекуваат да се подобри квалитетот на воздухот, поради сè поголемиот број пешаци и велосипедисти кои несомнено ќе се појават.

Актуелни се и чаршиските муабети дека следна мерка со која власта ќе го подобри здравјето на граѓаните е поскапувањето на лебот, принудувајќи го потребната диета.

Аналитичарите се согласуваат дека поскапувањето на бензинот е позначајно од поскапувањето на пивото, затоа што според резултатите од истражувањата на одредени институти, пиво пијат 37% од македонските граѓани, а нафта пијат речиси сите.

Слика: Милчо Велјановски