Прекаријат

19.07.2013 11:14
Новоговор: прекаријат

Во Србија 700.000 луѓе работат на црно, 100.000 не примаат плата, многумина работат за минималец или дури и без плата, без здравствено и пензиско осигурување - што ги маргинализира и ги прави социјално несигурни - под обединувачкиот назив прекаријат, пишува во годинешниот извештај на Хелсиншкиот одбор во Србија.

Англискиот професор од универзитетот Bath, Гај Стендинг, автор на книгата Precariat – New Dangerous Class (2011), пишува дека неолибералните политики доведоа до тоа растечки број луѓе во светот да работат прекарно (precariously), привремено, во серија краткорочни работи, без ресурси за стабилен професионален идентитет, без стабилна социјална заштита и регулација. На различни јазици ги нарекуваат precariedad, précarité, precarietà...

Благодарение на тоа што неолибералните реформи по 1970-те ја засилија преговарачката позиција на работодавците, голем дел од популацијата (работници во услужните дејности, младите, жените и имигрантите) е подложен на флексибилна експлоатација, флексплоатација (flexploitation).

Според друга школа на мислење, во постфордистичкото време доминира нестандардната вработеност (прекаријат), за разлика од периодот по индустриската револуција кога контингентот на работна сила (пролетаријат) беше константен.

Во Западна Европа, помеѓу една четвртина и една третина од работната сила работи според привремени или part-time договори, а најмногу во Велика Британија, Холандија, Шпанија и Италија.

Инаку, со прекарити се означуваат две оддалечени и потенцијално конфликтни категории на работници во постиндустриските економии: „инсајдери“ („црвени јаки“ во малопродажбата и услугите, чистачи, домари итн.), но и „аутсајдери“, во менаџерската литература особено промовирана малубројна креативна класа на млади индивидуалистички таленти, ангажирани во информатичката економија во големите градови ширум светот.

Професорот Стендинг смета дека прекаријатот е повишено фруструран и опасен - затоа што во општеството, за разлика од постојано вработените и синдикално организираните, „нема глас“, а чувствителен е и на сиренскиот повик на екстремните партии.

Дали прекаритите го креваат гласот? За сега, карневалски.

Во 2001 во италијанските антиглобалистички мрежи за Први мај е упатен меѓународен повик за спасување на несигурните генерации (generazione precaria), а во 2004 активистите во Барселона носеа икона на светец кој го нарекуваат San Precario.

Извор: vreme.com
Слика: Пјотр Качни

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото