Девствено море

22.07.2013 11:02
Девствено море

Иако напишан во 1934 година, генијалниот краток роман „Девствено море”, поради будните цензори, објавен е дури во 1986 година. Во романот, со необична книжевна вештина и со голема емотивна убедливост е прикажана апсурдноста како клучна животна одредница. Луѓето за време на колективизацијата се означени со броеви. Животните услови на луѓето и животните не се разликуваат многу. Живеат во џиновски тикви, не спијат со месеци, а кошмарните сништа се остваруваат: на пример, диносаурусите даваат млеко. И покрај гротескниот вознес од постигнатитот напредок, ликовите се босоноги, спијат на дрвени подови.

Платонов ја претставува и деградацијата на човекот и распаѓањето на сите морални вредности под чизмата на тоталитарните режими. Неговите ликови се претвораат во луѓе-роботи, во постојана анксиозна потрага по измислениот класен непријател, стануваат деспоти и душмани еден на друг, недоверливи се и лицемерни. Сето тоа води кон дехуманизирање на секој член на таа заедница осудена на пропаст.

Во „Јувенилно море“ авторот како да успева да ја предвиди иднината на нехумано устроеното општество. Како и Евгениј Замјатин во романот „Ние“ и Платонов предупредува за неизбежниот исход од насилното менување на природата, претворањето на луѓето во машини, суровото и брутално управување на заедницата. И самиот наслов на новелата упатува на инфантилната наивност на целото општество што е спремно да плати секаква цена, за да ги оствари нереалните замислени идеали. Сепак, Платонов остава простор за надеж дека таквото општество, несвесно за сопствените дејства и последиците од истите, ќе се развие и ќе напредне во насока на согледување на сопствените грешки и нивно надминување.

Извадок од романот може да прочитате овде.

ОкоБоли главаВицФото