Архитектура на окупирањето

23.07.2013 09:26
Архитектура на окупирањето

Од самите почетоци на движењето Occupy, се појави идејата за мапирање на архитектурата на спонтано настанатите населби и просторни интервенции на демонстраторите. Последното окупирање на просторот, кое овој пат се случуваше во Турција, поттикна една група архитекти да ги документираат привремените конструкции во паркот Гези во Истанбул.

Како што објаснуваат иницијаторите на проектот во својот вовед: „Протестите во Истанбул укажуваат на една едноставна работа значајна за архитектите и дизајнерите: ни требаат нови дефиниции за архитектурата кога таа настанува без архитекти. Секоја единствена конструкција која може да се сретне по улиците и во паркот Гези има свој сопствен in-situ дизајн и процес на вклопување во околината. Документацијата на овие привремени конструкции има огромно значење за понатамошните истражувања, особено ако се земе предвид нивниот ограничен век на траење.“

Одвивањето на овој инспиративен документарен проект можете да го следите на блогот #occupygeziarchitecture, каде што може да дознаете и повеќе за концептуалната рамка на проектот.




Извор: occupygeziarchitecture.tumblr.com

 

Слични содржини

Општество / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Активизам / Свет
Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Активизам / Јавни простори / Екологија
Општество / Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото