Реалноста на ментално болните затвореници

24.07.2013 10:53
Реалноста на ментално болните затвореници

„Прецизно доловување на животот со ментални нарушувања на затворениците во обид да привлече внимание кон сè почестото затворање на ментално болните лица во САД“ е наведената цел на серијата фотографии наречена „Заробени“ на фотографката Џен Акерман.

Акерман започнала да ги фотографира затворениците во Државниот реформаторен завод во Кентаки во 2008 година. Со тек на време, таа се здобила со довербата на затворениците и чуварите, па оттука и со неограничен пристап во однос на оваа установа и условите за живот во неа.

Овие фотографии овозможуваат несекојдневно и вознемирувачко доживување на искуствата на ментално болните кои поминуваат низ замките на овој затворски систем кој не е опремен да ги згрижи, да се погрижи за нив, ниту пак да им помогне на кој било начин.

Фотографиите во прилог го прикажуваат постоењето на еден систем кој очигледно бара поголемо внимание и задолжителни реформи.



Извор: PBS Newshour

ОкоБоли главаВицФото