Оаза во силиконското поле

25.07.2013 08:49
Оаза во силиконското поле

Во стариот дел од паркот
сè уште се чувствува магијата
на старото Скопје.
Спокојно е, нема забрзаност,
ура, трка по нешто, загриженост...
Релаксирани ролеровозачи,
воспитани велосипедисти,
и пешаци во здрава бесцелност.
Мир, ко да си во семир.
И на клупите е пријатно, без разлика
дали се паркирани стари господа,
млади парови или осаменици.
Една од последните оази со високи дрвја,
недалеку од плоштадот нареден со
подвижни споменици (вџашени туристи)
со раце на глави и подзинати усти –
стотици копии на Мунковиот Врисок,
кој небаре е насликан на Камениот мост,
во денешно време.
Се прашувам, ќе ѝ одолее ли овој
комуњарски парк на демократијата?
Има уште само година и пол до крајот
на двеилјадиичетиринаеста.
Стегам прсти и молам бога,
но ни семожниот не може да помогне
доколку новите верници наумиле нешто.
Којзнае, можеби ќе му изградат донебен
споменик токму на Господ Бог,
најстариот Македонец.

09.07.2013.

Слика: Леонид Афремов

Слични содржини

Јавни простори / Книжевност
Книжевност
Скопје 1963-2013 / Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото