Песна за промените

27.07.2013 12:18
Песна за промените

Ако земјата потреперува, ако украсните предмети паѓаат,
ако се одронува малтерот и ако се отвораат пукнатини по ѕидовите,
се муртат оние што уживаат во спокојство. Ако пресушуваат
топлите извори, ако се заматува вода во длабоките бунари
оние што сакаат задоволства бараат други живеалишта.
Ако полските глодачи излегуваат од своите дупки,
ако завиваат животните затворени во кафезите,
сопствениците на оние што ги прават записите повлекуваат несмасни потези
и тоа ја расипува свеченоста на писмото; овошје
убаво подредено на големите подавалници
одеднаш се растура; прислужниците гледаат со страв
во светилките што се нишаат под таванот. Па што? Нема
да отпатуваме: таму кај што почвата мирува
нема урнатини за врз нив да се соѕидаат
новите големи градови.

Слика: Ване Костуранов

Слични содржини

Јавни простори / Книжевност
Скопје 1963-2013 / Книжевност
Книжевност
Скопје 1963-2013 / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото