Градот убав пак ќе никне

29.07.13 13:14

Градот убав пак ќе никне, среде песни в дружен фат,
пак ко сонце цел ќе бликне, како топол нежен кат.

Скопје младост ти ќе бидеш, Скопје ти ќе бидеш цвет,
и ќе бидеш израз свиден, на с
è братско в овој свет.

Покрај Вардар ќе се крене, ќе го буди детски вик,
и ќе брои ново време, радост ќе му краси лик.

Скопје младост ти ќе бидеш, Скопје ти ќе бидеш цвет,
и ќе бидеш израз свиден на с
è братско в овој свет.

Слични содржини

Скопје 1963-2013 / Око
Скопје 1963-2013 / Уметност

ОкоБоли главаВицФото