СССР на шаховската олимпијада во Скопје (1972)

31.07.13 13:16

Во 1972 година, од 28 септември до 13 октомври, во Скопје се одржува јубилејната 20-та шаховска олимпијада, која содржела натпреварувања во машка и женска конкуренција. Сите натпреварувања се одржале на скопскиот саем. На Олимпијадата учествувале 373 натпреваруавчи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори од вкупно 63 земји.

Најголем фаворит за освојување на златниот медал била репрезентацијата на Советскиот сојуз, која го освоила првото место на претходните десет шаховски олимпијади. Сепак, на шаховската олимпијада Советите дошле без Борис Спаски, кој истата година ја загубил титулата светски првак од Боби Фишер, кој пак не дошол во Скопје затоа што не било прифатено неговото барање да игра шах во посебна просторија.

На крајот, Советскиот сојуз сепак успева да го освои првото место на Олимпијадата, со репрезентација во состав: Тигран Петросјан, Виктор Корчној, Василиј Смислов, Михаил Таљ, Анатолиј Карпов, Владимир Савон.

Подолу може да погледнете видео од репрезентацијата на Советскиот сојуз на шаховската олимпијада во Скопје.

ОкоБоли главаВицФото