Шамсиа Хасани: првата улична уметница во Авганистан

31.07.2013 16:29
Шамсиа Хасани: првата улична уметница во Авганистан

Шамсиа Хасани е првата жена која се занимава со улична уметност во Авганистан и која со својата уметност се бори за првата на жените во оваа земја.

Шамсиа е родена во Иран, каде што пораснала со своето семејство кое потекнува од Aвганистан, а во Кабул пристигнала со цел да ги заврши студиите по сликарство на Универзитетот во Кабул. Пионирка на сцената на современета уметност во авганистанската престолнина, оваа млада жена држи работилници ширум целата земја и се обидува да го промени начинот на кој се третирани жените во авганистанското општество.

„На сликите обично ги претставувам жените во бурки, бидејќи сакам да зборувам за нивниот живот, да најдам начин да ги избавам од темнината, да им го отворам умот, да внесам некои позитивни промени, па затоа се обидувам да ги отстранам сите тажни спомени од војната, сликајќи ги ѕидовите со весели бои“, вели Хасани.

Таа започнала да слика графити кон крајот на 2010 година, откако во Кабул учествувала на работилницата на британскиот уметник познат под псевдонимот Чу, кој ги научил младите авганистански уметници на основите на цртањето графити.

Шамсиа вели дека во Кабул наидува на најразлични реакции за нејзината работа: некои ја поддржуваат нејзината замисла, други сметаат дека не би требала да прикажува ликови на своите гарфити, на трети не им е јасно зошто би сакала да го валка ѕидот...




Извор: The Guardian

 

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност / Музика
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото