Прва помош за ранетите

01.08.2013 11:50
Прва помош за ранетите

Додека на урнатините припадниците на армијата и граѓаните водеа борба против бетонот за да се извлече секој жив, во болниците и здравните станици лекарите и помошниот порсонал водеа немилосрдна борба за спасување на секој човечки живот. Во страшните утрински часови на тој ден, тоа беше само „брза помош". Но токму таа им ги спаси животите на многу луѓе. Карактеристично е дека уште првиот ден по несреќата само по неколку часа на територијата на градот почнаа со работа 29 постојани здравсгвени пунктови и 10 мобилни здравствени станици, така што беше обезбедена не само основна заштита и помош на ранетите, туку и поширока здравствена заштита за целокупното население. Како резултат на тоа за кратко време беа прегледани над 10.000 лица, а во болниците од полски тип беа лекувани околу 500 лица од општи и близу 200 лица од разни заразни болести. Од сите пунктови во градот најважни беа следните три: Клиничката болница, Воената болница и Градската бзлница. Покрај тоа екипи од лекари ги обиколуваа урнатините и на штотуку извадените или на оние кои уште биле под урнатините им укажуваа прва помош вовлекувајќи се под надвиснатите бетонски блокови. Имав можност да видам кога работниците од рудникот Костолац, на 27 јули, пред бившиот хотел „Македонија" го врзаа еден лекар за нозе и така со главата надолу го спуштија низ малиот отвор в подрум до повредениот портир на кого му даде инјекција за поткрепување.

Воената болница којашто и самата беше оштетена, па и самата требаше да се евакуира, брзо ги прифаги онесреќените и им укажа итна помош. Началникот на Хируршкото одделение за рекордно време ја направи првата операција на отворено поле со инструментите кои беа изнесени од разурнатата зграда. Најмногу работа имаа рентгенолозите и трауматолозите. Воената болница даде помош на 2000 ранети, а околу 1940 ранети и болни беа евакуирани со средствата на армијата во разни болници во земјата.

Кругот на Клиничката болница на Медицинскиот факултет тие денови беше преполн од повредени. Болните кои беа во зградите се изнесоа надвор, под шатори. Сликата во дворот на скопската бзлница беше: крв, завои, писоци, осакатеност. Три мртовечници полни. Две за идентификувани, а третата (дотогаш беше перална) за неидентификувани. Обезличени трупови, измешано пригмечено месо и здробени коски, а околу нив илјадници муви.

Кога се исполнија скопските болници, ранетите беа евакуирани прво во блиските места и во здравствените пунктови како Бардовци, Катлановска Бања, Куманово, Тетово, Титов Велес, Врање, Врањска Бања: а потоа и во далечните места: Ниш, Белград, Загреб, Љубљана и други. Ранетите во овие градови се пренесуваа со колите за брза помош, со камиони, со колите на стопанските организации, со колите на армијата, со авиони, холикоптери и друго. Сета земја — од Љубљана до Битола, стана огромна болница. Југословенското воено и цивилно воздухопловство ги стави на располагање своите средства и луѓе. Co разни средства од сите наши републики пристигнуваа лекарски екипи, санитетски материјал, крвна плазма и друго. Санитетски екипи испратија следниве градови: Белград, Нови Сад, Лесковац, Суботица, Зрењанин, Приштина. Аранѓеловац, Призрен, Ќуприја, Светозарево, Шабац, Ниш, Врање, Загреб, Риека, Сараево, Мостар, Љубљана, Бања Лука, Титоград, Краљево, Пула, Марибор, Дубровник, Ваљево, Ужице, Цеље и Зеница. Посебно од Македонија од сите градови уште првиот ден поитаа лекарски екипи. Сите краишта и многу градови од целата наша земја му иодадоа рака на Скопје. Југославија тие денови беше обвиена со безмерна жалост. Во многу градови во СФРЈ, тој ден се појавија залепени плакати по улиците со следнава содржина: „Трагедијата која ова утро го снајде Скопје бара од вас човечка солидарност. Да им ги спасиме животите на многубројните ранети со давање крв. Да дадеме крв и да ги спасиме животите на нашите браќа и сестри. Поитајте. He чекајте ни миг."

Поединци, цели семејства, гарнизони, работни колективи ја прекинуваа работата и колективно одеа пред заводите за трансфузија на крв и ја нудеа својата. Во некои места пред заводите за трансфузија граѓаните формираа долги колони чекајќи на ред да ја дацат својата крв. Поради големиот одѕив некои граѓани мораа да бидат одбиени. Целата 3eмјa стана на нозе во желбата да му помогне на Скопје. Најјарко дојде до израз братството и единството на југословенските народи.

Bo најкритичните моменти и странската гомош беше од неограничена корист. Од 26—30 јули во Скопје се најдоа преку 400 хирурзи од земјата и од странство. Лекарски екипи испратија: Грција, Бугарија, Западна Германија, Полска, Франција, Австрија, Шведска, САД. Од странските екипи прва дојде грчката, која ја испрати грчкиот Црвен крст. Таа дојде на 27 јули со специјален санитетски воз и со комплетна хируршка бапница. Потоа дојдоа екипите од Бугарија, Германија и Полска. Само на 26 јули, на Сурчинскиот аеродром слетаа 40 авиони од странство, а другите атерираа на скопскиот аеродром. Тие донесуваа: завоен материјал, екипи, храна, кревети, антибиотици, носила, ќебиња, лекови, чај, кафе, шишиња со сува и течна плазма и друго. Околу 80 земји од разни краишта на светот му дадоа прва помош на Скопје. Овде треба посебно да се спомене помошта од САД. На 27 јули вечерта на Сурчинскиот аеродром атерираа 27 „Глобмастери" — најголеми транспортни авиони на американската армија кои долетаа од Рамштајн. Од утробите на авионите излегса 30 возила „Џемсови", 230 луѓе, комплетна полска болница со 200 кревети, a по потреба можеше да се зголеми за уште 200. Од аеродромот „Џемсовите" веднаш тргнаа за Куманово, каде што болницата се лоцира. По „Глобмастерите" во Сурчин слета и Боинг" кој донесе 16.000 килограми лекови и ќебиња — помош на американскиот Црвен крст — а кој долета директно од Америка. Два часа по пристигањето во Куманово, болницата почна да ги прима ранетите. Екипата остана 15 дена. Низ неа минаа 125 повредени скопјани, направени се 35 потешки хируршки зафати, 225 импровизации и други интервенции, околу 600 лабораториски анализи и рентгенски снимки. На одењето американската армија му ја подари болницата на скопскиот Црвен крст. Болницата располага со операциона сала, комплетна лабораторија, тријажно одделение, оделение за претходна подготовка пред операција, кујна, перална и сопствен агрегат за електрично осветление.

Во трагедијата на Скопје, на практика се покажа меѓународната солидарност. Навистина, несреќите ги обединуваат народите.