Бредли Менинг не е непријателот

01.08.2013 12:56
Бредли Менинг не е непријателот

На американскиот војник Бредли Менинг, по 1.160 дена поминати во истражниот затвор, во средата му беше изречена пресуда по обвинението во врска со објавувањето на доверливи документи. Тој беше обвинет за доставување воени документи до Викиликс.

Во тие документи се наоѓаше и снимката на кој е прикажан американскиот воен хеликоптер како нишани на еден татко кој ги носи своите деца во учлилиште, докази за смртоносните одреди во Авганистан, како и документите кои покажуваат дека во Гвантанамо наместо „најлошите од најлошите“ се затворени само заболени од деменција, таксисти и затворениците на Талибанците.

Милиони луѓе ширум светот го сметаат Менинг за херој, но отсекогаш се знаеше дека тој кривично ќе одговара за своите постапки. Спротивното би било политички незамисливо, имајќи ја предвид национално-безбедносната клима во САД. Воениот естаблишмент би ги сносел последиците кога би дозволил некој војник да се извлече со објавувањето податоци од таков обем.

Но админситрацијата на Обама не го осуди Менинг по автоматизам. Воените власти му наметнаа обвинение кое требаше да предизвика многу поголемо внимание од она кое реално го доби. Обраќајќи им се на медиумите, тие тврдеа дека Менинг „му помагал на напријателот“, што е обвинение кое е соодветно на велепредавство, за кое може да биде пресудена и смртна казна (иако таа не беше побарана во случајот на Менинг).

За една демократска земја ова не е само зачекорување на лизгав терен, туку колосален пад. Доколку Менинг биде прогласен виновен за помагање на непријателот, тоа би ги редефинирало медиумите – од алтернативните гласила како Викиликс до бастионите на естаблишментот како Њујорк Тајмс – како застапници на непријателот. Би се укинале сите разлики помеѓу предавниците кои ги продаваат воените тајни за најдобрата понуда и оние кои разговараат со новинарите без никаков надомест само за да си ја смират совеста.

Ослободувајќи го Менинг од вината во однос на ова опасно обвинение (но и прогласувајќи го за виновен за шпионажа и кражба), воената судијка со полковнички чин Дениз Линд, ги повлече САД од работ на бездната – но само засега. Но, ваквиот исход не го менува фактот дека обвинителството се залагаше за таква одлука.

Во случајот на Менинг, обвинителите посредно водеа војна против истражувачкото новинарство. Наместо да ги обвини известувачите, администрацијата – во овој момент – беше фокусирана на новинарските извори. Откако Менинг беше обвинет, беа подигнати и други обвиненија против изворите и „свиркачите“, а беше откриено и дека новинарите на АР и Fox News биле прислушкувани.

Двојните стандарди се очигледни, бидејќи кога станува збор за материјал кој ја претставува американската војска во позитивно светло, секојдневно се одигрува премолченото одобрено „истекување на информации“ од безбедносните извори. Од формално-правен аспект, таквите откритија се подеднакво сериозни кривични дела како и она на Менинг. Меѓутоа, никој не е изведен пред суд за нив.

Притоа треба да се има предвид срамниот однос кон Менинг за време на истражната постапка: затворен во ќелија од 1,8×3,5 метри, присилно држен буден, принудуван да стои гол, и уште многу повеќе. Како отштета за ваквите постапки – кои дури и воениот суд ги процени како несоодветни – притворот му беше намален за само 112 дена.

Целта на ваквиот прогон на Менинг беше да се испрати порака. Ако ништо друго, барем тоа беше успешно направено. Прогонот демонстрираше дека кога ќе се најде соочена со сопствените недела, денешната американска администрација се фокусира на казнување на гласникот. Се покажа дека првиот уставен амандман многу полесно се почитува апстрактно отколку во реалноста. И им беше пратена порака на другите држави кои рутински ги апсат, прогонуваат, па дури и убиваат новинарите и активистите, според која, во крајна инстанца, таканаречениот лидер на слободниот свет и не е многу подобар.

Ова судење не беше еден од блескавите моменти во американската историја. Тоа би требало да послужи како предупредување за сите оние кои се грижат за иднината на оваа земја. А да се надеваме дека во исто време ќе означува и пресврт.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото