Пламен, камен и железо?!

01.08.2013 15:12
Пламен, камен и железо?!

Отворам еден "Хајнекен" и седнувам да пишувам колумна. Понекогаш имам проблеми со инспирацијата, но секогаш кога ќе се сетам на самоуништувачкиот историски субјективитет од кој сум се испилил, ми доаѓа полесно.

Еве, да речеме, по ќустендилската средба со Шарло од Кукуш и Мелник, Надвојвода од Олимп и Скопје и Гроф од Халкидики, Пламен Орешарски бил во голема дилема дали да се врати во Софија и таму да го дожевее срамот на предвремената и насилна детронизација или да продолжи за Скопјанг и тука заедно со својот дуксовски домаќин да ги истрадаат последните мигови на неприкосновената власт.

Грофот, пак, од Халкидики и Олимп, не бил благороден разделител на спасоносни индулгенции туку гомно кое во Бугарија гледа политички простор за безбедно и бесмрдно приземјување и уземјување!

Кога порцијата од овој одвратен симулакрум им беше сервирана на македонските и на бугарските новинари, Брисел и сиот свет дознаа дека софискиот Пламен и Пламениот скопјанец ја унапредиле добрососедската соработка и по долгоноќна напорна работа утврдиле дека економијата е поле кајшто можат да ги развијат односите! Пламен, Камен и Железо ( адаптација на насловот на песната на Роботи, Црвени кораљи, 1966 или некоја слична година), беше мојата прва асоцијација.

-Уф, јеботе бог да те јебо, како су се тога сетили - си реков, сркајќи од течниот лексилиум во зелена лименка и во југоносталгичната меланхолија!

Значи, не атомската фузија и фисија, не космичката технологија и трансферот на апашанатите од национални држави во самоодржливи економски целини со соодветни културни димензии, туку размената на домати и кечап за малку струја и чушкопечи во есенската сезона!

Да ти пукне не пичната жила туку да ти пукне каротидната аорта и да умреш во бескрајното спокојство на блесавоста. Оти, тоа е без трунка свест и совест емисија на истозначна работа со веста дека народите на двете пријателски земји се договориле дека има основи да се унапреди размената на чист воздух и здрава вода за пиење, како и употребата на тоалетна хартија и паста за заби, со тоа што двете влади ќе се потрудат сето тоа да биде регулирано во меѓудржавен договор за регионална соработка во областа на куротресното инженерство и мочоводното водостопанство! Како кога првиот будала од Македонија ќе појде во Уганда и оттаму ќе стигнат вести дека нашиот претседател и тамошниот претседател утврдиле дека меѓу Уганда и Македонија нема отворени прашања!?

Ќустендилските пламени арии и тралалајните терци на македонскиот премиер - тоа се панаѓурски копјенца со кои ниту Јан Железни не би можел да бутне некоја кутија во замена за јаболка со карамелизиран шеќер или за кутија "морава" цигари без филтер за "Свети Стефан" или за "Тодорица" во Свети Николе во времето на мојата младост! Неверојатен инструмент за заебавање на широките народни маси од Пирин и Стара Планина до Бистра и Караорман и од Пелопонез до низ цела Европа. Симулација на пенал, обид на народите и, особено на Унијата, да им се упика гол на марадонски начин, со бескомпромисно игнорирање на фактот дека таа финта е бескрајно многу пати употребувана и дека нема шанса локалните измамници да не бидат фатени.

Стока!

Никаде нема ниту минимален обид целиот тој спектакл да се простудира од една друга, помалку протоколарна или антипротоколарна димензија. Една стара инерција ја бутка општествената перцепција на одредени настани и од нив апсолутно некритички прави вести на денот наместо да ги разобличува како бесмислености од аспект на општото добро. Спинови, инерции, глупости, баналности, просто неподносливи работи. Така, меѓу другото, е произведена бугарската драма која во Македонија веќе се игра, само што не е најавена!

Каква врска има мојата егзистенција и духовното здравје со подготвеноста на која било инстанца да решава нешто (името или Илинден) што самата инстанца го извишила на ниво на кое е вон досегот на мојата контрола и моќ и интерес, на ниво кое е неутрално или е негативно врз квалитетот на мојата егзистенција затоа што во меѓувреме јас сум се подготвил да умрам, а Македонија се чкртнала од мојот список на важни медиуми на мојата животна реализација. Никакви решенија за името или за односите со соседите воопшто, мене не можат да ме вратат на нивото на старото внимание ако не се реши прашањето на злотворите што го мистифицираа спорот, го метастазираа и го вградија како хромозом на македонската смрт. Идиотите што го произведоа, свесно го произведоа проблемот со името, да речеме, го направија тоа за да ни ги лапнат дваесетте години од најквалитетниот живот, сосе целокупната продукција, да украдат, значи, сè што можеше да се украде, да разнебитат сè што можеше да се разнебити и, сега, пази ваму, со помош на Унијата, ќе го решавале прашањето и дури, можеби, и на референдум ќе го дале. Крајно време било!

И така во бескрај.

Арно ама, ние мислиме дека сè мора да почне со одземање на лиценците на чипираните идиоти да решаваат што било зашто само така можат да се воспостават здрави критериуми на политиката и да се носат здрави и одржливи решенија! Прво мора да следи одземање на деловната способност!

Како може еден обичен меморандум, потпишан во чајната кујна на "Гаспром" од страна на рускиот хаусмјстор со премиерот и вицепремиерот на една бивша држава да се претставува како врвно решение за енергетските перспективи во Македонија и како може опозицијата да прашува што е сè поместено во тој договор наместо да излезе со информации и документи за меморандумската односно крајно необврзителна варијанта на тоа парче хартија, барем за руската страна!

Како може тоталитарната антиевропска деструкција на институциите и на правната држава, не во инцидентни димензии, туку во својот апсолут, да се потемкизира со трагикомични паради за кои Европа сè уште нема изградено вистински одговор откако не малку време и’ аплаудираше на таа деструкција во името на стабилноста!

Шемата на политичката репродукција врз основа на двестегодишните протоколи мора да се растури, сосе шемата за унапредувањето на какви било односи врз тие симулативни основи! Писма, средби на некакви маргини, маргините во средбата, паради, заеднички седници, гарди, химни и слични куротресини, фемили фотки и туристички глупости. Спектаклите од тој тип немаат за цел да ја задоволат публиката туку имаат намера публиката да ја претворат во инструмент на сoпственото задоволување!

Еве, да кажеме, знаете ли дека машиновозачот обвинет за убиство од небрежност на 79 луѓе во страотната железничка несреќа кај Сантијаго де Комостела, е пуштен да се брани од слобода? Човекот имал среќа што не е новинар и што не му судел некој македонски политмафиотски праворазделител, корумпиран егзибиционист од стадото на Маневски или идеолошки и психолошки хистерезиран извршител на наредбите на Горското началство на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација на чипираните идиоти. Тие странски паралели ни овозможуваат да ја забележиме нашата егзистенција како спектакуларен производ на манипулативните техники на режимот, односно како лажна реалност.

Сиве овие манипулации имаат многу тешки материјални, би рекол и историски последици, односно ја надминуваат границата на дозволената политичка интерпратација и арбитража, дури и лага. Тие поминуваат во зоната на најтешките злоупотреби на службените овластувања и се претвораат во криминални дела од највисок маштап.

Многу ми е симпатична идејата на Кире Наумов за заштита на влакната на сегашните властодржци по смената на власта. Се согласувам дека луѓето треба да се заштитат од сенародниот гнев, но тоа е речиси невозможно ако не се формираат два-три логора во кои луѓето ќе се стават под строг надзор на новата власт, безбедно изолирани од одмазнички настроената народна маса. Така што тоа е, според мое мислење, најадекватно решение. Ако се паметни, Груевски и друштвото сами ќе си изградат логори во кои ќе го поминат остатокот од животот. Ги предлагам Криволак, Мариово и пределот околу Самоков како најадекватни локации. Тука за 20.000 души има по двесте милилитри вода дневно, по два компира (200 гр.) и по два листа папрат за бришење на усраниот газ. Системите се скроз на скроз самоодржливи и не бараат никакви издвојувања од народната каса.

Слики: Свирачиња
Извор: Глобус

Слични содржини

Општество / Став
Општество / Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото