„Сечи, сечи“ одекнува во центарот на Скопје

05.08.2013 07:19
„Сечи, сечи“ одекнува во центарот на Скопје

Специјалци и моторни пили доцна во ноќта. Првите за луѓето, вторите за дрвјата. Дење повикува на обединување, ноќе гази сè што му стои на патот. Го честита празникот со сеча. Списка милиони божем пошумувајќи ја Македонија, сега печали соголувајќи го Скопје.

На педесетина метри од местото на ноќешното злосторство се наоѓаат затворените канцеларии на тие што тврдеа дека садејќи дрвја ја садат иднината. Каде се сега? Дезертираа од сегашноста, кренаа раце од иднината? Не веруваат дека ќе ја има?

Тоа што не може дење, Грујо го прави ноќе, како што им прилега на криминалците. Македонија спие. Моторните пили не ја будат. Има ли воопшто некаков звук што ќе ја разбуди од дремката и бунилото? 

Комитите и партизаните им пееле на шумите.

Денес планините се соголени. Останаа само песните. А гласовите зарипнати, напукнати, како без душа. Над испустената Македонија брмчи само гласот на Фирерот. Му се заканува на светот, а ја гази татковината.

„Сечи, сечи“ одекнува во центарот на Скопје.

Од Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото