Првата влада

06.11.2009 11:09
Стојан Андов

Како главен потфат во процесот на создавање на таа влада, останува одбивањето на тогашниот претседател Киро Глигоров да даде мандат на кандидатите за премиер што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, која имаше најголем број пратеници. Во недостиг на аргументирани одговори, го земам за точно кажувањето на еден од нашите најпознати и најспособни разузнавачи во емисијата на Васко Ефтов. Во слободна интерпретација, таа личност рече дека таа постапка на Глигоров му била сугерирана од Белград. Од органите на власта никој од Белград немал право да даде таква сугестија, бидејќи таа мора да биде јавна и во тој случај ќе биде и неуспешна. Со оглед на искуството на изворот кој го спомнувам, претпоставам дека таа сугестија од Белград до Глигоров дошла преку тајните служби. За да ја прифати, Глигоров морал да знае со каква моќ тука кај нас во тоа време располагале тајните служби, за да чувствува обврска да се држи до сугестијата, а и за да биде сигурен дека ќе успее потфатот. Меѓутоа, тој најверојатно добил и друга сугестија - на кого да го даде мандатот.

Стојан Андов, „Фокус“, 30.10.09