Марш кај Груевски, ако сакате дебата за спорот за името!

06.08.2013 15:00
Марш кај Груевски, ако сакате дебата за спорот за името!

Ако навистина му е до изнаоѓање на решение на спорот за името и ако навистина му е приоритет влегувањето во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, Ахмети ќе го соочи со тоа Груевски, со кого ја дели власта. Кога Груевски ги демонизираше тие што навистина јавно се залагаа за тоа, Ахмети си молчеше кооперативно со Груевски и партнерски уживаше во благодетите од неограничената власт. А сега бара јавна дебата за компромис за името! Па им пишува писма на дузина ислужени политичари! Па го кани Заев на разговор за тоа, а пак овој му прифаќа, наместо да му одговори јасно и гласно дека патот кон НАТО и ЕУ го затвори токму тој со кого ја дели власта. Затоа Груевски и Ахмети треба да го отворат тој пат.

Западните амбасадори, со исклучок на Ерван Фуере, главно молкум го следеа ловот на вештерки во режија на Груевски, а сега бараат јавна дебата. Кој да дебатира? Опозицијата, која, секојдневно трујат медиумите контролирани од власта, е предавничка? ’Соросоидите’, за кои труеја Ставрески и Бичиклиски дека го продавале и името и идентитетот и јазикот? Гемовци, изналепени како тарабите од Скопје 2014? ЕК и Филе му доделуваа на Груевски позитивни извештаи, а западните банки и монетарни институции му одобруваа кредити пред секои избори? Ги финансираа победите на Груевски, а сега бараат јавна дебата?! Направија многу за да го засилат режимот на Груевски и да ја ослабат партиската и непартиската опозиција. И што сакаат сега? Го изгубија кредибилетот, ја згазија довербата во ЕУ и НАТО, ги уништија илузиите дека демократите можат да сметаат на нивната поддршка. Не знам што бараат и што им веќаваат на лидерите на СДСМ, но се надевам дека Заев и Шеќеринска ја научија лекцијата и дека нема да дозволат да бидат превеслани уште еднаш. Марш кај Груевски, така треба да гласи одговорот на сите покани за разговори и фотографирања од кои ќар ќе има само Груевски. Дебата има и ќе има, но заради потребите на македонските граѓани. И таа дебата ќе се занимава со прашањето на криминалот на режимот на Груевски и на Ахмети!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња