Животот во шаторските населби (1)

07.08.2013 07:48
Животот во шаторските населби (1)

Ноќе градот е пуст. Вонредна состојба, како во војна. По улиците темнина, урнатини и пустелија — нигде човек да сретнеш. Само милиционери го чуваат мртвиот град. Тоа е денес Скопје — европска Хирошима. Хирошима во мирот. И дење е Скопје празно. По балконите цвеќињата свенале. Нема кој да ги залее. Пред влезот на многу куќи, на искршените врати, на испуканите ѕидови или на прагог со патент запнати ливчиња. На едно ливче пишува: „Мамице, жива сум и здрава. Се наоѓам во „Тавталиџе" шатор бр. 12". На друго: „Перо, Никола. Сите сме во шатори, во паркот, близу до споменикот на Гоце Делчев. He влегувајте в куќа". И други пораки со слична содржина. На овој начин луѓето ги известуваа своите блиски дека се здрави и каде се наоѓаат. Луѓето го напуштија градот и се собраа по парковите и тревниците. Некои од куќите или од урнатините успеале да извадат јоргани, душеци и ќебиња. Првите ноќи многу луѓе спиеја на гола земја или ги поминаа на нозе. И тука прва во помош пристигна Армијата. Веднаш по земјотресот, единиците на ЈНА, со свои шатори и камионски циради организираа сместување за 43.000 лица. Почнаа да формираат шаторски логори. Покрај шатори, тие обезбедија и постели и полски кујни. Армијата обезбеди 22.927 шатори, циради и шаторски крила, 17.500 ќебиња, 6.130 душеци и сламарици, 235 казани и полски кујни. Потоа почнаа да пристигнуваат шатори и постели од земјата и од странство. Сите фабрики за шатори во Југославија, своите резерви од шатори ги испратија во Скопје. Почнаа да долетуваат и авиони од странство, полни со ќебиња, како помош од Црвениот крст од тие земји. Советски авион, кој донесе 250 големи шатори за сместување на 5.000 лица, слета директно на скопскиот аеродром. Потоа шведски, полски, германски и др. Парковите и тревниците околу Скопје се шаренееја од разни бои и од разни облици на шаторите. Се гледаа бели, тркалести шатори, со турски полумесец, со советска петокрака, најлонски шатори од Полска и сл.

Луѓето го напуштија градот и се преселија во шаторските населби, на периферијата од градот. Таму јадеа, спиеја и работеа. Установите, претпријатијата и општествените организации исто така се сместија под шатори, каде што ја продолжија својата дејност.

Луѓето добиваа бесплатна храна од војничките казани. Ја јадеа на трева, иа клупи или стоејќи. По два-три дена во по некоја шаторска населба се подигнаа импровизирани мензи. Храната се делеше бесплатно 11 дена. Од 6. VIII. за храната се плаќаше симболична цена: 20 дин. за појадок, a пo 50 дин. за ручек и вечера. Освен во шаторските населби, кујни се организираа и по маалата. Овие маалски кујни го снабдуваа со храна населението кое не беше сместено во шаторските населби, туку пред своите куќи каде што имаше направено импровизирани колиби од штици, гранки, тер-папир, шатори и др.

Шаторските населби беа организирани врз основа на општественото самоуправување. Методите на општественото самоуправување што луѓето ги усвоија во станбените задруги, претпријатијата и установите беа пренесени и во шаторските населби. Најголем општествен орган беше Советот на населбата кој се состоеше од 10—15 члена. Претседателот на Советот беше именуван од Општинското собрание, а другите членови ги делегираа општествено-политичките организации од населбата. Советот на населбата беше поделен на комисии: за исхрана, хигиена, евиденција, информации на граѓаните и сл. Секој поголем шатор си имаше свој куќен (шаторски) совет, кој ги решаваше истите проблеми како и во вистинските куќи. Општествено-политичките организации се приспособија кон шаторскиот живот и во населбите формираа организации на Сојузот на комунистите, на Сојузот на младината, на Социјалистичкиот сојуз и женските организации. Општествено-политичките организации почнаа да живеат организиран живот во шаторските населби во кои се грижеа за идеолошко-политичкото воспитување, за правилното толкување и информирање на настаните во врска со земјотресот, ги информираа жителите за иастаните во земјата и во странство, како и за настаните во населбата; се грижеа за културно-забавниот живот, за хигиената и уредувањето на населбите. Општествено-политичките организации одиграа важна улога во организирањето на шаторските населби.

Bo шаторските населби веднаш се презедоа мерки за срганизирање на хигиената. Отпрвин во населбите вода се донесуваше со цистерни, а потоа беа инсталирани чешми, а некаде и тушеви со бојлери. Се ископаа септички јами и се изградија полски клозети кои неколку пати дневно се хлорираа. За домаќинките се донесоа корита и се определи место каде ќе можат да перат. Голема заслуга имаа санитарно-хигиенските органи кои често логорите ги прскаа со ДДТ и успееја да ги уништат мувите и комарците кои претставуваа опасност за зараза. Тие вакцинираа 90% од жителите на логорот против дизентерија, тифус, паратифус и тетанус.

Секоја населба беше снабдена со разгласна станица преку која се издаваа разни наредби и информации или таа се вклучуваше во редовната програма на Радио-Скопје и така жителите имаа можност да слушаат вести, информации и др. Затоа, околу звучниците секојпат имаше луѓе. Секој сакаше да чуе што повеќе. Многу луѓе имаа свои транзистори. Се голташе и се коментираше секој збор на спикерот, а особено кога се читаше списокот на загинатите. Мнозина не си одеа додека не ги чуеја понеколку пати имињата на загинатите. He беше реткост, кота ќе се чуеше некое име, да се проследи со плачење.

Поштата бргу се приспособи кон настанатата ситуација и во шаторските населби отвори свои пунктови. Во градот се организираа 4 пошти, под шатори. За општина „Идадија" поштата беше во Градскиот парк. Во паркчето зад Малцинскиот театар, за општина „Кале". Во населбата „Автокоманда" за општината „Саат Кула". Во дворот на училиштето „Кузман Јосифовски-Питу" за општината „Кисела Вода". Поштарите прво ја носеа поштата на означените адреси, а ако пред куќите не беа адресантите, писмата ги носеа во шаторските населби, или во своите пунктови каде што граѓаните доаѓаа и ги подигаа.

Кај шаторите набргу се направија импровизирани продавници за разни прехранбени и индустриски продукти. И занаетчиите отворија свои работилници. Најмногу имаше бербери и чевлари. По неколку дена немаше повеќе неизбричени, како во првите денови. Во берберските „дуќани", под отворено небо, под некое дрво или во шатор, луѓето се бричеа. Веќе, почнаа да мислат и на својата надворешност.

Во некои шаторски населби беа обележани „улиците", на пр. улица „Кочо Рацин", „Плоштад Маршал Тито", „Гробљанска" и др., а од едната до другата страна на „улицата" распнат коноп на кој се суши долна облека. Женските милиции на населбата се грижеа за редот и хигиената на населбата, а младинските милиции формираа стража околу логорот или работни бригади кои го уредуваа логорот, подигаа шатори, копаа септички јами, правеа одводни канали за случај на дожд и сл. Во некои населби се одвојуваше по еден шатор за дневен престој на претшколските деца, во друг шатор беа децата од школска возраст. Co децата беа ангажирани просветните работници.

(продолжува)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото