Атеист ја тужи болницата: за време на операција го видел Бог и станал верник

08.08.2013 12:41
Атеист ја тужи болницата: за време на операција го видел Бог и станал верник

На младиот и перспективен порно глумец Стојко Дрвенков животот му се превртел главечки кога за време на рутинската естетска операција на подигнување на задникот доживеал вонтелесно искуство кое засекогаш го променило.

Дрвенков, инаку атеист, за време на операцијата видел светлина и брадест старец кој со строг поглед го прашува зошто е бесрамен грешник. Оттогаш, сè во неговиот живот се променило и тој станал верник.

„Цел живот сум атеист. Најблиску до црквата и верата бев во еден филм во кој глумев свештеник кој се плетка со две калуѓерки. Но после сонот сè се смени“, вели младиот Стојко.

Иако очекувал пронаоѓањето на Бога да му го промени животот на подобро, токму тогаш почнуваат проблемите за порно ѕвездата Дрвенков. Ситуацијата особено се влошила кога по краткиот престој во манастир се вратил на снимањето на филмот кој требало уште повеќе да го прослави.

„На сетот сакав да бидам само со една колешка. Никако со повеќе, тоа е грев. А да не зборувам за расфрлањето на семето по разноразни глумици. На семето му е место само таму каде што доаѓа до зачнување. Наскоро добив отказ од филмот и повеќе никој не сакаше да ме ангажира бидејќи се рашири глас дека сум религиозен фанатик. Мојот живот е упропастен“, се жали Стојко Дрвенков.

Тој најавува дека ќе ја тужи болницата, бидејќи поради новооткриената вера ја изгубил работата, куќата и сега живее во трошен мотел од бедната социјална помош. Бидејќи средното училиште го прекинал поради рано забележаната надареност, тешко му е да најде каква било работа, а ни биографијата во која стојат само порнографски наслови не му помага во тоа. Затоа, единствен спас Стојко гледа во отштетата која болницата би му ја исплатила по тужбата.

„Болницата мора да го плати своето. Мојата иднина е уништена затоа што некој погрешил во проценката на анестезијата или можеби допрел некаков религиозен нервен завршеток во мојот задник. Ќе платат!“, дециден е Стојко.

Адаптирано од news-bar.hr