1022 hPa
71 %
10 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 15:59
Како што може да се види на мапата погоре, Берлин е географски лоциран длабоко во Источно- германска територија. Иако во 1945 година тој бил освоен од Црвената армија, сепак, според договорите помеѓу членките на Атнифашистичката коалиција, западните сили добиваат право на контрола на западниот дел од тој некогашнен главен град на Третиот Рајх.
Берлин е поделен на четири окупациони сектори: Американски, Британски, Француски (Западни) и Советски (Источен). Од западните сектори ќе се создаде Западен Берлин, а од советскиот, Источен Берлин.
Така, Западен Берлин останува „островче“, осамена про-западна енклава опколена со непријателската територија на Источна Германија. Западен Берлин инаку бил поврзан со Западната, Сојузна Република Германија по копнен пат, со автопатиштата бр. 2 и 24, што бара возење низ источногерманска територија за да се стигне до Западна Германија. При едно такво патување, не смее да ти текне да го свртиш воланот ни лево ни десно, туку мора да се вози само право по меѓународно договорената транзитна рута, а ако сепак ти текне да се јуначиш ... тешко тебе!).
Сакајќи да го покори тоа беспомошно „островче капитализам“, во периодот 1948-49, Истокот ја наметнува т.н. Берлинска блокада, на тој начин што ги блокира железничките линии и автопатишта, кои водат низ источно-германска територија, по кои се врши доставата на прехранбени продукти, нафта и други потребштини од Западот до Западен Берлин. Но со американска помош носена со авиони, Западен Берлин опстанува непокорен.
Во Источна Германија пак, граѓаните незадоволни од недемократската власт, во 1953 година започнуваат востание, кое ќе биде прегазено од советски тенкови. Незадоволството врие, во текот на следните години, илјадници луѓе бегаат од Источен во Западен Берлин, односно од Источна во Западна Германија.
Заради „заштита од фашистичкиот-капиталистички Запад“ (читај: за да не кидаат луѓето од Источен во Западен Берлин), во 1961 година, Источно-Германските власти, под патронат на СССР, доаѓаат до „соломонско решение“ на проблемот: ИЗГРАДБА НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД!
Како се градеше Ѕидот
Граѓани на Берлин беспомошно гледаат како источно-германски војници изведуваат подготовки за подигање на Ѕидот
Војник на Источно-Германската армија поставува бодликава жица
„Владејачката класа“ на Германската Демократска Република (работниците) вредно, пролетерски и ударнички работат на подигање на Ѕидот. Позади нив (за сваки случај...) е и „народната армија“ за некој „подмамен младич“ да не се дрзне да кидне у „трулиот капитализам“ од другата страна...
Како например овој заблуден млад човек кој бргу беше фатен од „народната власт“ по што ќе му следи „преваспитавање“ (у Сибир?)
Ѕидот лека-полека расте, западните Берлинчани протестираат
Последни шанси за пребегнување пред довршувањето на Ѕидот
Историска снимка која го обиколи светот: Војникот на источно-германската Национална Народна Армија, Ханс Конрад Шуман, вооружен со советски автомат ППШ-41, „Шпагин“, користи прилика за незабележан од претпоставените да го напушти стражарското место и да ја прескокне бодликавата жица со цел да пребега на Запад, пред Ѕидот да биде конечно подигнат (овековечено и со филмска камера, од Западната страна).
Историска снимка која го обиколи светот: Група млади Источно-берлинчани се шмугнуваат под бодликавата жица и пребегуваат на Запад (овековечено и со филмска камера)
Граѓани на Источен Берлин бегаат низ прозорци кои гледаат на Западната страна. Долу ги дочекуваат пожарникари со раширени ќебиња заради ублажување на падот.
Ѕидот е подигнат
Ѕидот е веќе подигнат (делот кој поминува кај Берлинскиот плоштад, Потсдамер Плац)
Изградбата ќе продолжи и понатаму, за Ѕидот, со тек на годините да израсне во еден страотно комплексен систем преку кој нема бегање. Тука е значи самиот Ѕид, на чиј врв, како дополнителна мерка за спречување бегство се поставуваат цевки (за евентуален бегалец полесно да се слизне ако се обиде да се искачи), потоа се поставуваат и бодликав тел, жици со струја, вооружени стражари, стражарски кули, патеки за патролни возила, кучиња чувари, песок (за оставање на траги од евентуални бегалци), антитенковски препреки, нагазни мини, аларми, шилци, „интелигентни“ оружја со фото- сензори, кои сами почнуваат да стрелаат доколку „почувствуваат“ движење и какви ли не бизарни измислици, токму како во пародијата на „химната на Источна Германија“ од филмот "Top Secret" со Вал Килмер. Просторот кој се наоѓа помеѓу двата појаси на Ѕидот го нарекуваат појас на смртта, со оглед дека во него секое движење на цивили е забрането и се казнува со куршум в глава.
Лудилото нема граници
Децении минуваат, a Германската Демократска Република (демократска?!) и понатаму го гради и доградува својот љубимец - Берлинскиот ѕид. До кулминација на нивната параноја доаѓа, кога во 1985 година, заради градежни работи на Берлинскиот ѕид, властите на Источна Германија извршуваат варварски чин, кога со експлозив ја уриваат црквата Versöhnungskirche, изградена на крајот на деветнаесетиот век.
Црквата и Ѕидот некогаш
Видео снимка од уривањето
Уривањето на кулата...
Уривањето е инаку извршено само четири години пред дефинитивниот Пад на Ѕидот. Денес, на истото место постои новоиградена црква во современ стил, како и споменик.
bla, bla, bla
Испратено на 09 ноември 2009 од SolzaДоколку Хонекер останеше на власт во Источна Германија факт е дека ќе ја претвореше целата нејзина територија во затвор со гранични ѕидови кон соседите. Факт е дека ќе беше новиот Милошеќ во Европа. Факт е дека тогашните комунистички лидери, како Тодор Живков, се претворија во полубогови кои почнаа да се занимаваат со националистички погроми за да останат на власт. Но сепак, мислам дека треба да се погледне и на другата страна. Денес на власт во Источна Германија е партијата LINKE(Левичарската партија), чии што раководители доаѓаат директно од поранешниот врв на поранешната источногерманска комунистичка партија. Дури и во одредени делови на Берлин имаат повеќе од 40% поддршка. Неодамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството источногерманци, сепак, позитивно гледа на нивната поранешна држава. Помеѓу германците постои длабока поделба по ова прашање што се пренесува на новите генерации. Ми се чини дека прославувањето силно се форсира од западњаците. Исто така, ми се чини дека некои слики се некоректни и се чисто пропагандистички направени во минатото, како онаа со западните војници и источногерманските полицајци. Чиста пропаганда, од една страна намуртени комунисти, а од друга страна невини војниси си играат со мало дете. Во вака добра репортажа таква фотографија не требало да се провлече.
Сепак, честитки за трудот!