1018 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 13:36
Вовед
И покрај постоењето на Ѕидот и константната закана од избувнување на судир помеѓу НАТО и Варшавскиот пакт, при што, Западен Берлин би бил средиште на Третата светска војна, неговите жители живееле со полни плуќа, како секој ден да им е последен, уживајќи во повисок економски стандард, поголеми слободи и декадентен ноќен живот, наспроти оние во Источен Берлин.
Интересно, додека луѓето од Источната страна на Ѕидот сонувале за тој живот, кој го гледале на Западните ТВ канали, кои биле во можност да ги „фаќаат“, од друга страна, во Западeн Берлин се случувало нешто сосема обратно. Се развивало радикално студентско ултралевичарско движење, особено по бунтовната 1968 година (напр. анархисти, комунисти, потоа припадниците на таканареченото autonomen движење и др.). Од тоа миље произлегле и многу од познатите германски ултра-леви терористички организации.
Причина за тоа е што Западен Берлин формално-правно не бил дел од СР Германија, туку имал специфичен статус под контрола на Западните сојузници, сходно на тоа во него важеле и поинакви закони. Не постоел задолжителен воен рок, така што градот станал своевиден собирен центар на бунтовна студентарија, од што се формирале и разни радикални субкултури. Некои од нив опстојуваат и до ден денес.
Во недостаток на регрутација, заради заштита на градот од евентуален напад, во него биле стационирани Американски, Британски и Француски трупи и покрај барањата од исток, Западен Берлин да биде демилитаризиран.
Одбраната на Западен Берлин
Американските трупи во Западен Берлин
Американски војници тренираат парадни вештини
Ознаките на aмериканската Берлинска bригада
’Америкен патрол’ во humvee возило вооружено со митралез М-60, на пат вдолж Ѕидот