7. Мои авторски фотографии од Берлинскиот ѕид

09.11.2009 07:21
20g od pad na Berlinski dzid VBB.jpg

Седми дел од фељтонот по повод 20 г. од падот на Берлинскиот ѕид, со тема: Фото изложба на авторски фотографии од Берлинскиот ѕид на Вангел Башевски- Барми. За список на останатите делови, проследете го следниов линк.

Рефреширајте ја страницата во браусерот доколку фотографиите не се вчитаат прописно.


ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА ВАНГЕЛ БАШЕВСКИ - БАРМИ ОД БЕРЛИНСКИОТ ЅИД, 2005

 

Познатата East Side Gallery на Берлинскиот ѕид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Графити од другата страна

 

 

 

 

 

 

 

 

Чудни растенија никнале покрај Ѕидот...

Мртва патка покрај Ѕидот: можеби сакала да пребега на Запад па ја застрелале?!

 

 

Death strip of land помеѓу двата појаси на Ѕидот со мои чекори во песокот

 

 

 

Граничниот пункт Checkpoint Charlie

Авторот на овие редови на Checkpoint Charlie (тогаш со нешто подолга коса ;)

 

Од едната страна на поранешниот граничен пункт е ставена слика на Американски војник, од другата на Советски војник за да се долови атмосферата на Checkpoint Charlie во некогаш поделениот Берлин

 

Познатиот натпис „Го напуштате Американскиот сектор“

Спомен плоча на советскиот лидер Леонид Брежњев и црвена петокрака

 

 

Погранична ознака на  Deutsche Demokratische Republik

 

 

 

Крстови поставени за жртвите на Берлинскиот Ѕид. На секој крст има име на загинат бегалец

Крстот на Петер Фехтер

 

 

 

Остатоци од Ѕидот кај Bernauer Strasse

 

Во овој дел на Ѕидот оставив и свој потпис.

 

Поглед кон death strip меѓу двата појаси на Ѕидот

 

 

Венци за жртвите на Ѕидот

Новата капела подигната на местото на старата црква, урната заради изведба на градежни работи на Ѕидот во 1985 г.

 

Споменик на местото на срушената црква 

 

Зачувани делови на Потсдамер Плац и други локации

 

 

 

Низ бившиот Источен Берлин

 

Поранешниот Источен Берлин е прекрасен град со многу стара архитектура, музеи и чуда. Во убавина го јаде поранешниот Западен Берлин. Но во случајов, намерно ги одбрав оние ’соц-реалистички’ зданија заради доловување на атмосфера. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Крст за жртвите на Ѕидот

 

Познатата источно-германска фирма "Mitropa (ова како му доаѓа? напр. како кај нас бивши „Метропол“ или сл.)

Споменик на Карл Маркс (некои сеуште му полагаат цвеќе)

 

Авенијата Карл Маркс (порано, до 1961 г. позната и како Авенија Сталин)

 

„ОСТалгија“

Кај многу луѓе во бившата Источна Германија се јавува носталгија по одредени аспекти, кои ги сметаат за позитивни од минатиот систем. Дали е тоа музиката, која ја слушале кога биле млади, дали филмовите, дали одредени производи од тоа време итн. Феноменот на германски јазик се нарекува Ostalgie (игра на зборови, сака да каже носталгија по Ost, што на германски значи Исток). Еден од најпознатите симболи на Осталгијата е т.н. Ampelmännchen

 

 

Ampelmännchen е човечето од Источно-Берлинските семафори, кое за разлика од западните „човечиња“има шешир :) ). Кога по обединувањето, властите сакаа да ги унифицираат семафорите во поранешниот западен и источен дел, се судрија со жестоки негодувања на источњаците! Ampelmännchen-от не го даваат за жива глава! :)

 

Авторот пред симболот на Германското Обединување, Бранденбуршката порта (тогаш со подолга коса ;)

„Споменик на Карл Маркс

„Споменик на Карл Маркс (некои сеуште му полагаат цвеќе)“-
Што те чуди? Некои луѓе се доволни разумни да разберат дека Карл Маркс е генијален критичар на општествените појави и процеси во капитализмот, за чии предвидувања околу негативните импликации од глобалниот, корпорациски капитализам и светскиот пазар сме сите ние очевидци.

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото