Кубистичка улична уметност

21.08.2013 10:01
Кубистичка улична уметност

Уличниот уметник Рубен Санчез кој живее и работи во Шпанија има посебен уметнички стил. Неговите дела можат да се најдат во повеќе земји (последното, на пример, прикажано на првата фотографија, би го виделе во Дубаи).

Но, инспирацијата која му ја дава Шпанија е вградена во сите неговите дела, без разлика на земјата во која се насликани. Влијанијата од кубизмот на Пикасо или од надреализмот на Миро се лесно воочливи во овие негови графити/мурали.

Во однос на нештата кои се дел од неговата уметност и кои го поттикнуваат да создава, тој самиот вели: „Ако расклопите кое било од моите уметнички дела на неговите составни делови, ќе најдете графички дизајн, древна домородна уметност, графити, кубизам, инспирација од скејтборд-културата, од музиката од 80-те и 90-те, фламенкото, социјалните ситуации - сите тие во една калеидоскопска целина.“


Извор: iamrubensanchez.com

ОкоБоли главаВицФото