Спасување на општествениот и личниот имот

03.09.2013 07:43
Спасување на општествениот и личниот имот

Младинските бригади ги спасуваа и културните вредности

 

Спасување на општествениот и личниот имот од разурнатите установи и куќи

 

Установите и работните организации од своите службеници и работници организираа работни групи за спасување на општествениот имот што се наоѓаше во разурнатите или распуканите згради. Таму каде што службениците од односната усганова не беа достатни, во помош им доаѓаа младински работни бригали или рудари. Овие групи влегуваа во распуканите згради, често под ризик на својог живот и оттаму извлекуваа мебел, опрема, архива и сето она што имаше материјална вредност. Некои групи покажаа натчовечки напори и храброст во спасувањето на општествениот имот. Така, поштенските службеници и група рудари неколку дена водеа борба и успеаја да ги спасат скапоцените телекомуникациони уреди од „Пошта I". Службениците од РТВ-Скопје успеаја да ги спасат скапите РTB уреди и да ги пренесат во Маџари, a железничарите ја извадија сета опрема, што можеше да се спаси од разурнатата железничка станица и привремено ја сместија во вагони. Овие групи го спасија речиси целиот книжен фонд на Народната библиотека, архивскиот фонд од Државната архива, скапоцени музејски предмети од разни музеи, опрема, мебел и архиви од многу установи и стопански организации.


Долап како засолниште од есенскиот дожд

Исто така и најголем дел од личниот имот на граѓаните на Скопје беше многу уништен. Сето она што едно семејство со години го создаваше, сега мораше повторно да го набавува. Колку луѓе се радуваа на својата покуќнина што со труд и пот ја заработиле: на фрижидерот, на електричниот шпорет, на спалната и сл. Кај некои луѓе, а особено кај повозрасните се јави страв од утрешнината и бесперспективност во животот, бидејќи сметаа дека ќе немаат време да го надоместат изгубеното. Покрај тоа, во Скопје почнаа да се шират гласови дека куќите ќе се уривале заедно со покуќнината. По повод овие вести, претседателот на Градското собрание Благој Попов изјави дека личниот имот на граѓаните организирано ќе се спасува. Нема да се спасува единствено во случај ако објектите се оштетени до толкава мера што претставуваат опасност за животот на луѓето. Станарите и сопствениците на личниот имот благовремено ќе се известат за минирањето и уривањето на поодделни згради за да имаат време да ја извадат покуќнината, а други специјални екипи ќе ги демонтираат сочуваните бојлери, кади, лавабоа, врати, прозорци, антени, паркети, и сл., па дури тогаш зградата ќе се руши. Покрај организираните младински бригади и самите граѓани со помош на своите роднини, пријатели и комшии се трудеа од некогашните домови да го извлечат сето она што останало здраво.


Пороен дожд кај шаторските населби

Имаше безброј примери каде што и непознати луѓе, случајни минувачи помагаа во спасувањето на личниот имот. Имав можност да видам повеќе такви примери: еден случаен минувач, Босанец, сам му се понуди на едно семејство да му помогне; кога му беа понудени пари, тој ги одби. „Тоа сега вам ви треба. Кутрите. Мило ми е што ви помогнав". На друго место една старица му вели на еден дваесетгодишен младич, кој поминуваше покрај нејзиниот наполу разурнат дом: „Синко, ќе влезеш ли малку во нашава куќа за да ми извадиш некои работи?" „Ќе влезам, мајко. Што треба да извадам" — одговори момчето и погледна кон разнишаната куќа. „Таму, во кујната, е креветчето мое... Ќе го видиш, си стои така... во ќошето, под душекот има едно крпче со пари. Да ми го донесеш, жив ти младоста... Еден повозрасен минувач, се вмеша во разговорот: „Не праќај го детето внатре, мори бабо. Гледаш каква ти е куќата". Но младичот, го пречекори прозорецот и по неколку минути пак се врати преку прозорецот сиот правлив: „Повели, мајко! Токму ли се?" Старата го отвори крпчето и рече: „Сполај ти синко. Се’ е тука. Еве земи. .." И му подаде пет илјади динари. „Не треба таква работа, мајко" — вели момчето, се тресе од правта и заминува. „Биди жив... биди жив..." — шепоти зад него старицата. Во една друга улица, едно семејство се пазареше со еден амал, од третиот кат на тешко оштетената куќа низ прозорец да ги фрли двата душека и двата јоргана, колку да не спијат на тврда земја. Амалот ги прегледа скалите полни со стакло и малтер, ја гледаше фасадата на куќата и прислушкуваше како да се прашува: ќе има ли пак земјотрес? Си го мереше својот сопствен страв. „Не смеам, брате. Имам деца." А човекот вршеше притисок: „Колку пари сакаш?" Амалот долго се мислеше. Ја извади својата голема црвена шамија, го избриша правливото и испотено чело. Стравот го мереше со динари. Во спогодбата се вмеша една старица од соседството. Некоја ведра и храбра жена која не веруваше во Св. Архангел-душевадник. „Дајте ми ги клучевите" — рече бабата. Се качи на третиот кат и по неколку минути низ прозорец ги исфрли душеците и јорганите. Амалот си отиде, а присутните мажи се посрамија.

Извадените нешта од оштетените куќи некои луѓе со камиони ги пренесуваа во соседните градови кај свои роднини и пријатели. Други ги пренесоа во соседните села каде што изнајмија по една соба и тука ги сместија работите како во магацин. Оние што немаа каде да ги однесат, ги оставаа на улица покриени со шаторски крила, циради или линолеум. Само да бидат под покрив. Макар малку да бидат заштитени од сонцето, дождот и виулиците. Тие пљачки така стоеја на улица со месеци.

ОкоБоли главаВицФото