Цртеж на Путин ги загрижи психолозите?

05.09.2013 08:19
Цртеж на Путин ги загрижи психолозите?

По повод почетокот на школската година, рускиот претседател Владимир Путин ги посети руските ученци. Меѓутоа, посетата излезе поинтересна од очекуваното.

Откако им посакал среќен почеток на учениците од средното училите во сибирскиот град Курган, патем ја испробал и магнетната табла со еден свој цртеж. За она што го нацртал, сега „фаќаат сеир“ многу светски медиуми.

Имено, Путин нацртал мачка „одзади“, на што реагираа сите руски медиуми, па дури и некои психолози, а фотографијата го обиколи светот.

Психологот Борис Суворов го проучи цртежот и го опиша Путин како „осамен човек кој живее во својата глава“.

Нацртаната опашка на мачката Суворов ја протолкува како „карактеристична за човек кој не е сигурен во својата машкост“.

Подолу може да погледнете видео од фамозната училишна посета на Путин и цртањето на цртежот.

Извор: dnevno.hr

ОкоБоли главаВицФото