Човекот е марихуана која оди

06.09.2013 18:02
Човекот е марихуана која оди

Човекот е марихуана која оди - Давид Албахари

Марихуаната е една од најинтересните и најтаинствените билки на нашата планета, која истовремено е и една од најкорисните билки кога станува збор за нејзината употреба во здравствени цели. Не постои ниту еден забележан пример дека некој настрадал од употреба на марихуана, но затоа постојат безбројни примери за напад врз неа и нејзините својства, од кои таа до сега секогаш успешно се бранела. Непријателите на марихуаната ја претставуваат во најлошо светло, зашто ако ја изгубат битката со оние кои ја поддржуваат марихуаната, тогаш можат да изгубат и на останатите фронтови. Нормално, не треба да се ликува поради тоа, бидејќи злоупотребата на наркотиците и понатаму претставува сериозна опасност и никогаш не треба да се престане со едукација на младите во однос на т.н. „тешки дроги“. Сите болести на зависност - вклучувајќи ја и употребата на алкохол и тутун - претставуваат голема опасност за општеството и не треба да се престане со борба против нив и криминалните активности кои ги следат. Меѓутоа, марихуаната дефинитивно не спаѓа во нив и не може да се толкува како прв чекор на пат кон наркоманијата. Тоа тврдење, кое непријателите на марихуаната постојано го повторуваат, едноставно речено, не е точно.

Марихуана: вистини и заблуди - Соња Павловиќ

Интересен е фактот дека марихуаната содржи поголем дел од токсичните супстанци коишто се наоѓаат и во тутунот, но од некоја причина, барем како што укажуваат резултатите од досегашните истражувања, таа не предизвикува влошување на состојбата на белите дробови. Според резултатите од една неодамнешна лонгитудинална студија, во која учествувале 5000 рекреативни корисници на канабис, умереното консумирање на марихуана нема негативно влијание на здравјето на белите дробови. Авторите на студијата го ограничиле „умереното консумирање“ на еден џоинт дневно.

Дувачки стимуланс - Џош Харкинсон

На Калифорнија треба да ѝ се оддаде признание за афирмирање на приказната дека легализацијата не е само лудачка идеја. Но, Колорадо има долга историја на прогресивизам кога станува збор за пружање отпор на пуританците. Пред точно 80 години, Колорадо го легализираше алкохолот - многу пред федералната влада да ја укине прохибицијата.

Ирена Цветковиќ - Маргинализирани во центар

Предрасудите врзани за корисниците на дроги се силни и длабоки во нашето општество. Поради нив 15 години со мирна совест гледавме како ни умираат сограѓаните кои не стигнуваа за влезат во третман. Цели 15 години сталожено минувавме низ кршењето на основното човеково право, правото на лекување. Идејата да се отвори центар надвор од градот е глупава и неефективна. Секојдневното земање метадонска терапија за овие луѓе би значело секојдневно патување од домот до немајкаде. После еден месец и најупорните би се откажале.

Македонија – Швајцарија на Балканот? - Жарко Трајаноски 

Откако медиумите објавија дека четири швајцарски кантони го легализирале одгледувањето на марихуана за домашна употреба, македонскиот премиер ги постави следниве прашања на неговата фејсбук страница: „Дали се согласувате Македонија да ја направиме ’Швајцарија на Балканот’? Дали се согласувате лица со навршени 18 години да се стекнат со право на одгледување до четири садници марихуана, под услов истата да ја одгледуваат дома, и притоа да не смеат да ја продаваат на други лица, ниту да управуваат моторни возила додека се напушени?“

Децата на Анслингер - ganja 

УМС на ДПМНЕ излезе со доста „креативни“ решенија по повод кампањата за Денот на борба против дрогите. Едно е што целиот концепт е комплетно пресликан од некоја стара американска кампања. Другиот, пак, проблем е што е политички некоректен во начинот на кој ја пренесува пораката. Имено, повеќето од луѓето на постерите кои треба да претставуваат наркомани се – обоени. Ова неверојатно наликува на кампањите на фашистот Анслингер од триесеттите години на минатиот век, во кои Афроамериканците и Латиноамериканците биле посочувани како директни виновници за ширењето на култот кон марихуаната во САД.

Други статии поврзани со марихуаната:

Со диви насади против демонизација на марихуаната

Колумбија го декриминализира кокаинот и марихуaната

Холандската влада ќе ги обесштетува сопствениците на кафулињата за марихуана 

7 нешта кои не сте ги знаеле за медицинската марихуана

Оукленд сака марихуана индустрија