Мерки за ублажување на последиците од земјотресот (2)

07.09.2013 09:03
Мерки за ублажување на последиците од земјотресот (2)

Панорама на населбата Аеродром

 

На 3. IX. 1963 год. Сојузниот извршен совет усвои неколку нацрт-закони за ублажување на последиците од земјотресот во Скопје и ги упати до Сојузната народна скупштина. На 9. IX. Сојузната скупштина ги усвои следните 5 законски предлози:

1. Закон за фонд за обнова и изградба на Скопје. Co овој закон е предвидено да се формира фонд за обнова и изградба на Скопје. Фондот би ја кредитирал или без обврска за враќање би ја финансирал обновата и изградбата на стопански капацитети, на станови, комунални и други објекти, на општествениот стандард. На фондот ќе му пристигаат приходи од цела Југославија од придонесите од средствата за финансирање од материјалните расходи на општата потрошувачка, од бруто личните доходи на запослените, од данокот на доход, од дотации, од домашни и странски заеми и друго.

2. Закон за придонес на Фондот за обнова и изградба на Скопје. Придонесите на фондот за обнова и изградба на Скопје во 1964 год. ќе се пресметуваат и уплатуваат по стопа од 2% од средствата наменети за инвестиции, по стопа од 2% на материјалните расходи на општата потрошувачка, по стопа од 1% од средствата за лични доходи и по стопа од 2% од основата на данокот на доход. Се смета дека од овие извори во 1964 година би биле собрани околу 64 милијарди динари.

3. Закон за доделување средства од стопанските резерви на Федерацијата.

4. Закон за посебно регулирање на прашањата од областа на работните односи на подрачјето на Скопје. Co овој закон ќе се регулираат некои прашања во врска со засновувањето и престанокот на работниот однос, со распоредувањето на работните места во истата или во друга работна организација, како и со регулирањето на привремената безработност настаната со земјотресот. Во поглед на остварувањето на правата од социјално осигурување, сите лица кои настрадаа во зсмјотресот ќе се сметаат како несреќа причинета на работно место.


Фабриката за монтажни згради - подарок од СССР

 

5. Закон за народен заем. Ќе се распише народен заем за обнова и изградба на Скопје во износ оц 30 милијарди динари. Запишувањето на заемот ќе почне на 25. IX. и ќе трае заклучно до 15. X. 1963 година, а уплатата ќе се врши наеднаш или во шест месечни рати од 1. X. 1963 година до 10. III. 1964 година. За износот на заемот се издаваат обврзници кои гласат на име на доносителот. Обврзниците носат 6% интерес кој се исплатува на крајот, а почнува да тече од 1.1. 1964 година. Заемот треба да се исплати во рок од 7 години, сметајќи од 1. I. 1964 година. Ануитетите достигаат на 1. II. ceкoјa година. Првиот ануитет за исплата доаѓа на 1. II. 1965 година. Правото на наплата на ануитетите застарува 5 години по нивното стигнување.

Според овој закон, на 25. IX. 1963 год. во 7 часот изутрина на 90.000 места во цела Југославија започна запишувањето на народниот заем за обнова и изградба на Скопје. Илјадници граѓани од целата наша земјa повторно ја покажаа солидарноста во несреќата. Секој Југословен сметаше за свој долг да уплати по една, две или повеќе месечни заработувачки и така се собраа над 40 милијарди динари.

Проширениот пленум на ЦК на СКМ кој се одржа на 10. VIII. 1963 година во Титов Велес дискутираше за мерките и напорите околу решавањето на проблемите настанати со земјотресот, а во врска со задачите што произлегуваат од заклучоците на ИК на ЦК на СКЈ за обнова и изградба на Скопје. Во својот реферат другарот Крсте Црвенковски особено ја подвлече несебичната и братска помош што ни ја дадоа другите републики на СФРЈ како во отстранувањето на последиците од земјотресот, така и во напорите за обнова и изградба на Скопје. Тој исто така ја истакна меѓународната помош на разни влади и организации и рече дека со напорите на целата наша заедница за пет години Скопје ќе се изгради во нов и модерен град кој ќе биде симбол на братството и единството меѓу југословенските народи и симбол на меѓународната солидарност. „Треба да се истакне дека брзото, за размерите на една ваква катастрофа, средување на условите за згрижување на населението и за задоволување на најитните потреби и пристапувањето кон организирани напори за можното нормализирање на животот и работата во опустошениот град, беше колку обезбедено со брзите мерки на Извршниот совет, Градското и општинските собранија во Скопје, со акциите на општествено-политичките организации, пред сè, на раководствата и организациите на СКМ како, и со грижата на органите и кадрите на секретаријатите за внатрешни работи да се зачува редот и безбедноста, толку и олеснето со ладнокрвноста, храброто држење и граѓанската свест и дисциплина на населението" — рече во својот реферат другарот Црвенковеки.


Секретарот на градскиот комитет СК Скопје Мито Мицајков предава во употреба една нова населба

 

И Извршниот совет на СРМ од своја страна уште веднаш по земјотресот презеде низа мерки и донесе повеќе одлуки, со цел што побргу да се нормализира положбата во Скопје. Паради обилноста на тие одлуки, ќе споменеме само некои. Уште на 26 јули сите републички органи започнаа со работа во кругот на Клубот на пратениците во Скопје, бидејќи зградата на Народното собрание беше оштетена. Уште истиот ден Извршниот совет се свика на вонредна седница. Се донесе решение да се одделат 500 милони динари како прва помош за настраданите и да се формира Републички штаб за заштита од елементарни непогоди. Овој штаб понатака одигра важна улога во отстранувањето на последиците од земјотресот. На 16. VIII. 1963 год. Извршниот совет на СРМ усвои неколку одлуки: на работните организании настрадани од земјотресот им се одлага плаќањето на ануитетите по кредитите дадени од средствата на Републиката за основни средства, за трајни обртни средства, за средства за заедничка потрошувачка и за покривање на загубите; беше формирана Комисија за евакуација на населението и одлука поправните испити да се полагаат по почнувањето на работата во училиштата, а на редовната седница на Извршниот совет на СРМ од 10. X. 1963 год. се потврди Одлуката на Градското собрание на Скопје за проширување на потесното градежно подрачје на главниот град на СРМ. Co оваа одлука скопското подрачје во иднина ќе ги опфаќа и атарите на катастарските општини во Ѓорче Петров, Сарај, Бардовци Злокуќани, Долно и Горно Оризари, Глумово, Бразда, Шуто Оризари, Бутел, Синѓелиќ, Инџиково, Белимбегово, Трубарево, Јурумлери, Маџари, Горно и Долно Лисиче, Драчево, Усје, Долно Нерези, Сопиште и Ракотинци.

И одлуките на Градското собрание на град Скопје ја олеснија донекаде положбата на граѓаните кои настрадаа во земјотресот. Така уште веднаш по земјотресот Градското собрание донесе одлука за доделување прва парична помош на настраданите семејства во Скопје во износ од 80—150.000 динари. Општинските комисии оваа помош им ја доделија на 1.673 граѓани со вкупно 196.090.000 динари. На 11. VIII. се одржа комеморативна седница, посветена на жртвите од катастрофата. Тој ден Градското собрание ги донесе и следните одлуки:

1. Одлука за подигање споменик на жртвите што загинаа во земјотресот од 26 јули 1963 година.

2. Одлука за именување на еден од плоштадите во ново Скопје со името „26 јули — ден на солидарноста".

3. Одлука за формирање градски фонд за стипендии преку кој ќе се стипендираат сите деца чии родители загинаа во скопската катастрофа.

На 28. VIII. 1963 година Градското собрание донесе Одлука за одлагање на плаќањето на станарината и другите комунални услуги на подрачјето на 4 градски општини. Настраданите корисници на вода, канализација, електрична енергија и услуги на Градската чистота во начело се ослободуваат од плаќања на овие услуги. На 18. IX. 1963 година Градското собрание оформи Комитет за обнова и изградба на град Скопје, кој имаше 40 членови. За претседател на Комитетот избран е Крсте Црвенковски, секретар на ЦК на СКМ.

Сите овие мерки, одлуки и прописи придонесоа што побргу да се отстранат последиците од земјотресот, да се нормализира положбата во Скопје и да се создаде поволна база з

Кон првиот дел

ОкоБоли главаВицФото