Пејзажот и модата одат рака под рака

09.09.2013 11:10
Пејзажот и модата одат рака под рака

Британскиот фотограф Џозеф Форд увидел дека е најдобро својата љубов кон фотографијата да ја сподели со истомислениците за да се спојат повеќе различни креативни занеси. Така во повеќе наврати соработувал со луѓе од модната индустрија, уредници на модни списанија или стилисти, а резултатот е серијата фотографии која ги обединува волшебните пејзажи на Сицилија, Мароко и Маврициус, и истенчаните текстури на ткаенините и предметите од модниот свет.

Со комбинацијата на бои, изборот на материјал и играта со светлината, Форд и соработниците сакале да создадат речиси незабележлив премин од фотографија на фотографија и да воспостават што е можно посилна врска меѓу нив. Бескрајните песочни предели или вревата на градските центри, сето тоа спакувано со модни детали, стигнува во продолжение:

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото