Петиција за ослободување на Кили и декриминализација на марихуаната

10.09.2013 07:41
Петиција за ослободување на Кили и декриминализација на марихуаната

Почитувани,

Господине претседател Ѓорге Иванов;
Господине премиер Никола Груевски;
Господине министер за правда Блерим Беџети;
Госпоѓице министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска;
Почитувани избраници на собранието и владата на Република Македонија;

Оваа петиција е створена за да ви покаже кое е мислењето и барањето на народот во нашата држава, во врска со случајот на Кирил Поп Христов. Потпишувачите на оваа петиција бараат од македонската законодавна и извршна власт да створат закони кои ќе овозможат Македонија да биде држава која не ги затвора и осудува граѓаните на Македонија за одгледување на органски растенија за сопствена употреба, кои постојат и се одгледуваат со векови наназад на нашата почва. Бидејќи сме демократска држава, очекуваме барањето и желбата на нашите граѓани да бидат најсериозно разгледани и најстрого почитувани.

Петицијата може да ја потпишете овде.