Соларен брод како пример за искористување на сончевата енергија

10.09.2013 09:54
Соларен брод како пример за искористување на сончевата енергија

Група германски инженери го проектираа и изработија бродот MS Turanor PlanetSolar, кој се движи исклучиво користејќи ја сончевата енергија. Тоа е најголем брод кој го користи само сонцето како енергија, а минатиот месец го заврши своето патување од 60.000 километри за вкупно 585 денови.

Бродот е тежок 100 тони и е опремен со 500 квадратни метри соларни панели, чија енергија придвижува два електрични мотори со вкупна сила од 120 киловати. Таа сила е доволна за максимална брзина од 26 километри на час, додека за време на облачните денови бродот користи енергија од 8 тони тешките литиумски јонски батерии.

Меѓутоа, најважниот број поврзан со овој брод е најмал. Бродот користи 0 литри фосилни горива и не испушта речиси никаква штетна емисија од јаглероден диоксид.

Потенцијалот на ваквиот брод е важен, не само за намалување на зависноста од фосилни горива, туку и за научниците кои даваат можност со ваква технологија да се истражат чувствителните еко-зони. Со таква цел, компанијата PlanetSolar се здружи со експерти од Универзитетот во Женева и заедно ја истражуваат голфската струја.

За сега е тешко да се замисли дека во блиска иднина ќе видиме големи прекуокеански танкери придвижени од сончева енергија, но нема причина зошто помалите истражувачки бродови да не се движат со оваа технологија. Во секој случај, MS Turanor ни покажува дека постојат одлични решенија за практична употреба на сончевата енергија.

Извор: BBCScience

ОкоБоли главаВицФото