Elton John - Nikita

12.11.09 17:53

ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989

„Никита“ е славен евергрин на Сер Елтон Џон од 1985, на тема врзана со Студената војна. Позадинските вокали ги пее Џорџ Мајкл, а како гитарист се јавува и Ник Кершоу. Спотот говори за љубовта на главниот протагонист кон девојка од Источниот блок. Тој ја запознава и ја фотографира при своето патување отаде „Железната завеса“, каде таа служи како граничар. Политичките бариери го спречуваат да биде со неа, пришто, не му останува ништо друго, освен да ги гледа нејзините фотографии и да фантазира како тие двајцата убаво би се забавувале, дали во дискотека или на стадион, со шалови на ФК Ватфорд, чиј почесен претседател бил токму Елтон Џон, кој во навивачката сцена се појавува и со гигантски Doc Martens чизми. Иако просечниот гледач најверојатно смета дека се работи за Русинка, ознаките на униформите во спотот се на бившата Германска Демократска Република, а границата треба да асоцира на Берлинскиот ѕид. Дополнителна збрка е тоа што Никита е всушност машко име (како Никита Хрушчов, Никита Михалков). Знаејќи за сексуалните преференци на Елтон Џон, на песната тоа и’ дава и gay конотации. Иако во спотот се појавува девојка, во текстот на песната не е одредено дали се пее за машко или за женско.

За да го погледнете ова видео активирајте JavaScript


преземи видео

Слични содржини

Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото