Токен

16.09.2013 08:31
Новоговор: токен

Со новите технологии доаѓаат нови зборови, тоа е јасно. На пример, токен. Меѓутоа, збунува тоа што во новоговорот еден збор, зависно од контекстот, може да има многу значења. Токен во новиот народен урбан говор е и знак, и значка, и сувенир, и беџ, и жетон, и специјален клуч...

Пред неколку години на Exit предизвика незадоволство тоа што посетителите можеа да купат пијалак само со токени (прогласени за монета на државата Exit), па после концертот се направија големи редови за да се заменат динарите во токени, а дополнителен проблем беше тоа што неискористените токени (жетони) не можеа да се заменат за динари.

Нормално, знаеме за жетоните - некогаш со нив се телефонираше од јавните говорници, а имаше и јавни тоалети со жетони. И во некои гаражи и на паркинзите беа користени жетони. Зошто токен го протерува жетон од јазикот, некој веројатно знае.

Има поголема мистерија кога се зборува за токенот како за нешто што служи како индикација на вашата индивидуалност, или доказ за автентичноста, кога се зборува за безбедносниот токен, токенот за автентичност, криптографскиот токен, банкарскиот токен, софтвер-токенот, виртуелниот токен, нешто што го содржи вашиот дигитален потпис, биометриските податоци, тајната бројчана шифра. Изгледа дека тоа се мали работички за безбеден пристап до компјутерот.

Кога во банка ви доделуваат шифра за пристап до вашата сметка преку интернет, како што е, на пример, ПИН или ЛИБ бројот, тешко е да не се заборави, па луѓето ја запишуваат својата најдобро чувана тајна во адресарите на мобилните телефони, во телефонските именици и на ливчиња, кои ги сеат наоколу, каде можат да ги видат зли очи.

Велат, спасот е во токенот, уредчето со дисплеј (екранче) на кое се менуваат различни броеви по некој неочекуван редослед (алгоритам).

Може да има облик на електронска картичка, USB конектор, токен клуч, Bluetooth или бежичен уред. Како ќе ја зголеми безбедноста на вашите пари или податоци кога толку лесно се губи? Велат дека може да се смести во таканаречен рачен паметен часовник, кој намножените џепчии сигурно ќе ви го украдат. Велат дека освен тоа, треба да ја запамтите и шифрата, па таа двофакторска заштита дополнително ќе ја зголеми безбедноста на податоците на компјутерот и во банка - и дефинитивно ќе ви го уништи мозокот.

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото