Британски претходник на Твитер од 1935 година

19.09.2013 04:47
Британски претходник на Твитер од 1935 година

Кон средината на 1930-те години, во светот почнала да владее роботската технологија. Роботскиот гласник од 1935 година, кој служел за јавно разменување пораки, би можел да се смета за претходник на Твитер.

За да им помогнат на луѓето кои сакаат да закажат или откажат состанок, или можеби да ги информираат пријателите за местото на кое во моментот се наоѓаат, властите во Лондон поставиле т.н. robot message carrier (роботски пренесувач на пораки).

Машината била позната под името Notificator и била поставена ширум лондонските улици, на железничките станици, метроата и на други јавни места, каде поединци им оставале пораки на своите пријатели.

Корисникот приоѓал до малата платформа и пишувал кратка порака на хартија, која потоа влегувала во машината. Пораката се прикажувала зад стаклена табла, каде стоела најмалку два часа и сите можеле да ја прочитаат.

Услугата се плаќала со монети, кои исто така се ставале во машината. 

Notificator во модерниот свет би можел да се спореди со Твитер, иако служел исклучиво за практична намена, што никако не може да се каже за денешната популарна платформа за микроблогирање.

Извор: Гардијан

ОкоБоли главаВицФото