Убавата наша Либија

19.09.2013 07:41
Убавата наша Либија

Додека Американците со сојузниците во Либија убиваа жени, деца, немоќни, старци, а потоа го растргнаа Гадафи, се прашував зошто го прават тоа. Медиумите ни понудија неколку одговори. Американците, Италијаните, Англичаните, Французите... сакале да ја благословат дивата земја со демократија. Тоа никако не беше сѐ.

И Гадафи беше проблем. Некој мораше да го истепа дивјакот познат по тоа дека силувал бебиња во стомакот на либиските девици. На светските демофашисти навистина женските права секогаш им биле голема инспирација. Да се сетиме на Авганистан. И таму убиваат за да им биде подобро на жените. Лажеа и лажат сите кои го објаснуваат нападот врз Либија со неодоливата потреба на американските разбојници да не ѝ го вратат долгот на Либија, да внесат хаос во земјата и да украдат нафта.

До душа, денес секоја интерпретација е одвишна. Либија е запалена земја. Ни прва, ни последна. Ирак, Авганистан, Тунис, Југославија... Во колку земји во последните неколку децении Америка извезуваше пролет? Што е „пролет“? Тоа е кога Американците и компаниите ти ги убиваат таткото, мајката, ти ја разоруваат куќата, фрлаат бомби со осиромашен ураниум врз градовите и селата, го бесат или растргнуваат водачот на земјата, испраќаат беспилотни летала во детски градинки, ги вооружуваат „бунтовниците“...

Признавам, не е фер да се плука по Американците, а да се занемари фактот дека сириските „бунтовници“ ги вооружуваат и Хрватите, а нашата влада за потребите на светските злосторници го претвори хрватското небо во курвин газ. Затоа на Либија денес ѝ требаат градежни работници од сите профили. Заработката е дваесет долари од час, сместување во удобни бараки, платен стан, храна... Каде ќе најдеш подобро?

Илјадници млади Хрвати се борат со раце и нозе да се дограбат до Либија. Не е лесно. Треба да се биде квалификуван и да се поминат тестовите. За среќа, нашите момци се висококвалификувани, некои веќе и работеле во Либија додека таму беснееше зима. А знаете што во оваа приказна ме тресна од земја? Момците од Хрватска можат во Либија преку белградските агенции.

Што велите на тоа? Од разорената Хрватска можеме до разорената Либија само преку разорената Србија. Ве прави ли тоа по малку депресивни? Не ви паѓа на памет да викнете, да ја ебам таквата пролет? Да го ебам светот во кој живееме? Да ја ебам земјата во која сме се родиле? Да го ебам животот во земјата на крајот на светот во која Србите и Хрватите ќе газат по мртви либиски деца за да ги спасат своите од глад?

Не врескајте. Гледајте на срањето од посветлата страна. Додека Србите и Хрватите во Хрватска ќе се исколат заради латиницата и страствената поделба на „четници“ и „усташи“, во Либија ќе бидат родени браќа. Кој вели дека Србите и Хрватите не можат повторно да бидат браќа? Во пустина.

Извор: rudan.info

Слични содржини

Балкан / Историја
Општество / Балкан / Свет
Европа / Балкан / Свет
Европа / Балкан / Свет

ОкоБоли главаВицФото