Бесплатен џоинт за оштетените во големите поплави во Колорадо

25.09.2013 13:36
Бесплатен џоинт за оштетените во големите поплави во Колорадо

По големите поплави во кои загинаа 10 лица, жителите на планинското гратче Болдер во Колорадо се обидуваат да се вратат на своите редовни активности, што вклучува и - пушење марихуана.

Група луѓе вчера делела бесплатни џоинти во еден трговски центар во градот.

Ова е обид да им се помогне на „корисниците на марихуана кои се под стрес“, а кои можеби ги загубиле своите залихи во поплавата. Исто така, ова е своевиден протест поради предложеното оданочување на продажбата на марихуана, а гласањето на таа тема ќе се одржи во ноември.

„Болдер е жртва на поплава. Сакаме да му ја олесниме маката на народот“, вели Боб Кори, еден од организаторите на бесплатното делење марихуана. Тој додава дека организаторите исто така ќе примаат донации за помош на жртвите од поплавата.

Идејата за бесплатно делење марихуана во Болдер се јавила кога Кори и неговите колеги пред две недели делеле бесплатни џоинти во Денвер, во знак на протест поради предложеното оданочување. И покрај силното полициско присуство, никој не бил уапсен.

Извор: www.huffingtonpost.com

ОкоБоли главаВицФото