Макети од утопиите на германските политички партии

27.09.2013 10:14
Макети од утопиите на германските политички партии

Пред изборите во Германија во 2009 година, Минијатурниот железнички музеј во Хамбург (Miniatur Wonderland) им даде можност на главните политички играчи да создадат свој модел/макета на совршена Германија и да ги прикажат своите визии за иднината на земјата.

Секоја партија доби на располагање еден метар квадратен за да го создаде својот модел на утопија. Изложбата прв пат се одржала пред изборите во 2009 година, со цел да се запознаат гласачите со политичките концепти на партиите.

Истата практика беше повторена и пред изборите во Германија оваа година. Иако тие завршија со убедлива победа на Ангела Меркел и резултатот е познат, интересно е да се погледнат макетите на шесте политички партии кои беа поканети да учествуваат на изложбата во музејот во Хамбург.

1. CDU

2. CSU

3. FDP

4. SPD

5. Партија на зелените

6. Die Linke

Извор: www.miniatur-wunderland.com