Fabulous Fashionistas - стареење со стил

27.09.2013 10:50
Fabulous Fashionistas - стареење со стил

Fabulous Fashionistas е името на документарецот зад кој стои Channel 4, а во кој режисерката Сју Борн ја истражува уметноста на стареењето во друштво на шест извонредни дами. Овие жени, кои веќе одамна зачекориле во третото доба, го редефинираат поимот стареење со својот необичен, впечатлив стил на облекување, но и стил на живот.

Документарецот Fabulous Fashionistas е важен бидејќи го деконструира стереотипот за тоа што постарите лица смеат да носат, но и поради тоа што ја прави видлива генерацијата жени кои најчесто се сосема невидливи во медиумите.

Бидејќи медиумите во голема мера се заслужни за поимањето на убавината, младоста и староста, овој филм би можел да се смета за еден вид пресврт.

На фотографиите подолу може да ги погледнете овие необични госпоѓи, кои и покрај тоа што се наоѓаат во поодминати години, уживаат во животот со полни гради.

Извор: www.theguardian.com