И покрај забраната, се одржа протестна Парада на гордоста во Белград

28.09.2013 10:36
И покрај забраната, се одржа протестна Парада на гордоста во Белград

Незадоволни од одлуката на владата на Србија да ја забрани Парадата на гордоста, активистите на ЛГБТ заедницата во петок навечер се собраа пред зградата на владата и тргнаа на протестна прошетка. Наспроти наводите на премиерот Ивица Дачиќ за сериозните безбедносни ризици поради кои е забранета овогодишната Парада, собирот помина мирно и без инциденти.

Учесниците во прошетката беа придружувани од полицајци во опрема за разбивање демонстрации. ЛГБТ активистите носеа транспаренти со натписи „Ова е Прајд, ова е Србија“, „Победа, победа“ и „Да живее љубовта“.

„Нема да се тргнеме, затоа што ние не сме тие кои треба да бидат остранети од улица, ниту треба да бидеме изолирани. Ова е прв чекор за да имаме славје за неколку години, а не да се криеме“, изјави членката на организацискиот одбор Маја Миќиќ.

„Со тоа што е забранета Парадата на гордоста нема да исчезнат сите проблеми на кои укажуваме. Парада ќе има вечер и утре и во текот на сите 365 денови во годината“, додаде таа.

Бирото за координација на службите за безбедност, по повеќе од три часа расправа, донесе одлука Парадата да не се одржи поради безбедносни причини. Премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ по тој повод изјави дека безбедносните проценки покажале дека може да дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, а од правата и слободата единствено поважно начело е безбедноста на граѓаните.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото